6 симптоми за проблеми со срцето кои не се поврзани со градите
Вртоглавицата и ненадејната силна главоболка можат да бидат знак за проблем со срцето, иако не се поврзани со градите и оваа област.

Обично очекуваме проблемите со срцето да се манифестираат со симптоми во градите и нивната област.
Но, кардиоваскуларниот систем е низ целото тело и има влијание на апсолутно сè. Што значи, некогаш проблемите може и воопшто да не се покажат преку симптоми како болка во градите.
Неколку вакви симптоми за кои е добро да бидете свесни:
Трнење или болка во нозете
Болката во долниот дел на нозете може да биде знак за тромб во вените, особено ако е придружена со оток.
На нозете може да се појави оток и ако срцето не пумпа доволно крв, со што се намалува дотокот до нозете.
Вртоглавица
Промените во крвниот притисок, како многу низок или многу висок, може да предизвикаат вртоглавица.
Кај некои луѓе може да се појават и срцеви палпитации што исто така може да предизвика вртоглавица.
Силна главоболка
Многу силната главоболка може да биде знак дека има некаков проблем со срцето.
Ако чувствувате болка на предниот дел, на челото или зад очите, тоа може да биде знак за висок крвен притисок.
Доколку знаете дека имаат проблеми со притисокот и болката не поминува, важно е да одите на лекар за да избегнете компликации.
Отежнато дишење
Отежнатото дишење, особено по мала физичка активност, може да биде поврзано со низа проблеми со срцето.
По напорен тренинг, нормално е да дишите малку забрзано и отежнато.
Но, ако забележите дека ова симптоми што се јавува и при мала активност, одете на лекар.
Ако, пак, сте физички активни, но одеднаш дишењето ви е поотежнато од вообичаено за време на тренинг, исто така одете на лекар бидејќи можно е да има некаков проблем со срцето.
Гадење или намален апетит
Некогаш гадењето или намалениот апетит исто така можат да бидат знак за проблеми со срцето.
Кога срцето не работи како што треба, во стомакот може да се акумулираат течности.
Во овој случај, може да ви се намали апетитот, но и желудникот да не ги апсорбира хранливите материи соодветно.
Гадењето е поредок симптом, но може да се јави кај луѓе кои имаат проблеми со срцето.
Болка и стегање на вилицата
Некои луѓе со кардиоваскуларни проблеми чувствуваат болка во вилицата, како непријатно чувство во вратот, вилицата, па сè до левата рака. Ова е поизразено при физички напор.
Овие симптоми може да се јават за време на инфаркт. Ако имате ненадејна болка во вратот и вилицата, важно е веднаш да одите на лекар.
Спирова С. | Црнобело
