Дијабетес, анемија: Што откриваат прстите на стапалата за вашето здравје?
Вдлабнатини на ноктите
Анемијата е уште една медицинска состојба што може да предизвика промени на стапалата.
Ако ноктите имаат вдлабнатини или формата им е променета, можно е да е во прашање анемија.
Ова заболување е карактеризирано со намалено ниво на хемоглобин, со што се намалува способноста на крвта да разнесува кислород.
Деформитетот на ноктите се јавува додека растат бидејќи им се менува структурата.
Ако се сомневате дека имате анемија, важно е да се консултирате со лекар бидејќи може да биде утврдена само со тест.
Отоци на прстите
Постојат многу причини за појава на отоци на прстите на стапалата, како на пример удар.
Но, ако забележувате оток или болка, а не сте се повредиле, ова може да биде знак на дехидратација.
Кога се дехидрирани, телото задржува натриум со што може да се зголеми волуменот на течностите во ткивата.
Паѓање на влакната
Ако не ги отстранувате влакната на прстите на стапалата, а забележуваат дека ви се проретчуваат, ова може да биде знак за проблеми со циркулацијата.
Кога дотокот на крв е намален, до фоликулите на влакната не стигнуваат доволно кислород и хранливи материи, па тие почнуваат да паѓаат.
Испакнати коски
Секој има различна форма на стапалата. Но, ако забележите дека зглобот во основата на палецот е испакнат странично, тогаш веројатно се соочувате со бунион.
Буонионите изгледаат како коскена грутка и обично се предизвикани од искривување на зглобот.
Ова може да предизвика отоци, болка и неудобност кога носите чевли.
Но, ако имате бунион, а не ви создава апсолутно никакви проблеми, тогаш нема потреба да се грижите.
Спирова С. | Црнобело