Марија Петреска, фармацевт, за торбичката со лекови на одмор: „Што ако лековите ни стоеле на топло?“
„Се случува да патуваме на одмор, автомобилот се вжештува, нашата патувачка аптека е спакувана во некој несесер, во багажникот. Се губи ли ефикасноста на лековите? Да, се губи“, вели Марија Петреска, наша фармацевтка.

Марија Петреска, е наша фармацевтка и управител со медицински отпад, која во гостување во емисијата „Телма амбуланта“ проговори на тема како треба да биде правилниот транспорт на лекови за време на летниот одмор.
Таа дава многу корисни информации.
Дали знаевте дека автомобилот на сонце може да ги уништи вашите лекови за само 20-тина минути? Кога патувате на одмор, каде да ги ставите лековите?
Повеќето лекови од патувачката аптека (особено сирупи, капки и креми) се чуваат на температура до 25°C. На летните горештини, внатрешноста на автомобилот лесно достигнува над 50°C, што целосно може да го уништи дејството на лековите.

На прашањето од водителката: „Што доколку лекот само еднaш бил изложен на висока температура или пак директно на сончева светлина? Се случува да патуваме на одмор, автомобилот се вжештува, нашата патувачка аптека е спакувана во некој несесер, во багажникот. Се губи ли ефикасноста на лековите?“, вели:
„Да, се губи.
Како фармацевти, затоа препорачуваме во багажник и напред на контролната табла да не се чуваат лековите.

Тоа да биде внатре во кабината, во посебна торбичка, која ќе биде заштитеа од температурните разлики, доколку е тоа возможно.
Сепак во самата кабина на автомобилот одржуваме температура која е пријатна и за нас, па така таа би била соодветна и за лековите.

Оние лекови коишто мора да се чуваат во фрижидер, за нив постојат транспортни малечки фрижидерчиња и тие треба така да се транспортираат.
Дури и краткотрајното изложување кај нив, значи губење на ефикасноста на лекот“.
Кликнете на видеото:
Погледнете го целото гостување:
С. С. | Црнобело