5 килограми помалку до Нова година

За намалување на килограмите повеќето жени мислат дури пред да дојде летото или пред самиот пречек на Новата година.

5-kilogrami-pomalku-do-nova-godina

Поради желбата да се заблеска во новогодишната ноќ, декември им поминува во изгладнување и се откажуваат од диетата штом се најдат покрај свечната трпеза, а нив во овој период од годината ги има повеќе од било кога.

Диетата оди некако вака - симнувате килограм, два, враќате три и продолжувате да се вртите во магичниот круг.

Нутриционистите велат дека не е чудно што повеќето диети ги следи малаксаност, хроничен умор и нервоза, па затоа ја препорачуваат медицинската диета.

Таа спаѓа меѓу најздравите режими на исхрана бидејќи подразбира доволно внесување на витамини и минерали.

Може да се држи најмногу 15 дена, симнувате пет килограми, но после две недели мора да се направи пауза.

Мени за пет дена

Прв ден

Ручек: портокал, тврдо варено јајце и шоља немасен јогурт.
Вечера
: две варени јајца, салата од два патлиџани и краставица.

Втор ден

Ручек: портокал, тврдо варено јајце и шоља немасен јогурт.
Вечера:
плескавица од 120г, помала интегрална кифла, патлиџан, четири крекери и пороткал.

Трет ден

Ручек: Варено јајце, шоља немасен јогурт, порција зелена салата или салата од две краставици и портокал.
Вечера:
плескавица од 120г, помала интегрална кифла и пороткал.

Четврти ден

Ручек: 125г немасно сирење, патлиџан и четири крекери.
Вечера
: 500г обарен зеленчук, варено јајце и домат.

Петти ден

Ручек: 200г риба на жар, интегрална кифла и домат.
Вечера:
500г обарен зеленчук, варено јајце и домат.

Би можело да ве интересира:

Дали сите мажи (ќе) имаат зголемена простата + кои се симптомите? Не е познато што точно ја предизвикува зголемената простата, но факт е дека ова ...
Храна и пијалаци што ќе ви помогнат ако се прејадете за време на празниците (ја намалуваат подуеност... Краставиците содржат висок процент на вода и го хидрираат телото, па може да пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg