4 лоши навики кои ја уништуваат косата

Сјајната и здрава коса е сон за секого. Иако со разни препарати за нега се обидуваме максимално да ја зачуваме косата, понекогаш несвесно ја уништуваме со секојдневните навики.

4-losi-naviki-koi-ja-unistuvaatt-kosata

Ова се 4 најчести грешки кои ги правиме:

Миење на косата секој ден

Стручњаците истакнуваат дека косата е најубава кога природните масла од коренот ќе ги преземат влакната. Косата мијте ја секој втор или трет ден. Ако се разбудите со залижана коса, напрскајте ја со обична вода и лесно исушете ја со фен.

Врзување на косата со стегач постојано на исто место

Со врзување на косата во коњско опавче постојано на исто место се уништуваат многу влакна. Ако имате навика често да ја носите косата врзана, тогаш правете го тоа така што ќе го поместувате местото на врзување.

Занемарување на скалпот

За вашата коса да израсне како здрава и сјајна, на вашиот скалп му е потребна посебна нега. Со масирање на темето со врвовите на прстите го стимулирате протокот на крвта, а со препарати за нега на скалпот го зајакнувате коренот на косата.

Користење на погрешна четка за коса

Освен што ќе ја оштети, погрешната четка за коса може и да ја заплетка косата. Правилото гласи: колку подолга коса, толку поголема четка. За нагласување на волуменот користете тркалезна, а за порамнување, рамна четка.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg