Eucerin AQUAporin ACTIVE ги активира природните хидратантни механизми на кожата

Водата и кожата

На водата отпаѓа околу 75% од нашата планета. Таа испарува од сонцето, се враќа преку дождови, се претвора во мраз, едноставно постои еден баланс кој никогаш не се нарушува – така што од формирањето на планетата до денес не е загубена ниту една капка вода. Количеството на вода има значење, но правилната распореденост на водата влијае на сите нас, а особено врз кожата.

eucerin-aquaporin-active-gi-aktivira-prirodnite-hidratantni-mehanizmi-na-kozata-2

Кожата е најголемиот орган на човечкото тело, кој содржи околу една третина вода. Добрата хидратација е исклучително важна, ако сакаме кожата да ни биде здрава и убава. Експертите на Eucerin ги познаваат деталите околу физиологијата на кожата и начините како таа се хидратира.

Иновација. Како резултат на повеќегодишните истражувања инспирирани од откритието на Aquaporine, удостоен и со Нобелова награда за иновација, експертите од истражувачкиот центар на Еуцерин создадоа серија на иновативни производи AQUAporin ACTIVE.

Производите Еуцерин AQUAporin ACTIVE овозможуваат интензивна хидратација дури и во најдлабоките слоеви на кожата. Ја содржат активната состојка глуко-глицерол која го стимулира производството на аквапорини во кожата. Аквапорини се водни канали кои ги придвижуваат водните молекули во кожните мембрани и го регулираат оптималниот трансфер на вода внатре и надвор од клетките на кожата. Биохемиските процеси започнуваат длабоко во кожните клетки што е гаранција за идеална хидратација. Еуцерин AQUAporin ACTIVE е магичниот клуч за оптимална хидратација на кожата - долготрајно и длабоко.

eucerin-aquaporin-active-gi-aktivira-prirodnite-hidratantni-mehanizmi-na-kozata-3

За откривањето на значењето на аквапорините во 2003 година американскиот молекуларен биолог Питер Агре доби нобелова награда за хемија, истакнувајќи дека колку повеќе има аквапорини во кожата толку поефикасна е хидратацијата.

Во различни клинички и дерматолошки тестирања во кои беа вклучени повеќе од 750 испитаници, само по 24 часа беа забележани подобрувања во нивото на хидратација на кожата кај луѓето кои ги употребиле овие производи. По една или две недели на употреба, нивото на хидратација е оптимализирано дури и во најдлабоките слоеви на кожата.

Аквапорините – водни магистрали на клетките

Телото е изградено од околу 100 милијарди клетки, за кои е важно водата да може слободно да се движи во нив и надвор од нив. Околу 100 години експертите претпоставуваа, дека водата може да поминува преку клеточните мембрани единствено преку дифузија. Оваа теорија не даваше објаснување за случаите, во кои водата преминува преку клетките со голема брзина.

Тоа беше еден од нерешените проблеми на биохемијата, за што во 1988 американскиот молекуларен биолог Питер Агре откри до тогаш непознат протеин, концентриран во клеточните мембрани. Понатамошните проучувања на протеинот покажаа, дека тој формира „пора” во клеточната мембрана, која што го регулира трансферот на водата во и надвор од клетките. Беше откриен првиот „воден канал”, за што Питер Агре доби нобеловата награда за хемија за откривањето на аквапорин – 1.

Аквапорин – 1 водни канали беа идентификувани во растенија, животни и други видови на организми. Во човечкото тело беа откриени 13 вида аквапорини. Биолошката активна форма на аквапоринот е тетрамерен комплекс, кој се состои од 4 протеини. Аквапорини се открија во бубрезите, во леќата на окото, во мозокот, а исто така и во кожата, каде формираат природна мрежа за оптимална дистрибуција на вода и за хидратација на кожата.

Откритие

Аквапорините во човечката кожа се од типот аквапорин – 3. Овозможуваат трансфер на вода, глицерин и други мали молекули, кои што помагаат за хидратација на кожата. Колку повеќе аквапорини има, толку повеќе вода може да навлезе во клетките и може водата да се транспортира и до други клетки.

Последните проучувања потврдуваат дека количеството аквапорини во клетките е под влијание на следниве фактори: возраста, изложеноста на сонце и склоност на кожата кон сушење. Со тек на време и под влијание на UV зраците количеството аквапорини во кожата се намалува. Резултат на тоа е дехидрирана кожа.

Позитивни вести од Eucerin: природната мрежа на аквапорини може да биде активирана и обновена. Експертите во истражувачките центри на Eucerin успешно го искористија откритието на аквапорините и од научно откритие создадоа високотехнолошка козметика за грижа на кожата: Eucerin AQUAporin ACTIVE.

Eucerin AQUAporin ACTIVE – ефекти

Во различни клинички и дерматолошки тестирања во кои беа вклучени повеќе од 750 испитаници, нивото на хидратација на кожата измерено со корнеометар се зголеми со употребата на AQUAporin ACTIVE. Исто така

  • по само 24 часа беа забележани подобрувања во нивото на хидратација на кожата кај луѓето кои ги употребиле овие производи.
  • по една или две недели на употреба, нивото на хидратација е оптимализирано дури и во најдлабоките слоеви на кожата.

Серијата AQUAporin ACTIVE се состои од:

AQUAporin ACTIVE LIGHT: хидратантен крем со лесна формула за нормална и комбинирана кожа

AQUAporin ACTIVE RICH: хидратантен крем за сува и чувствителна кожа

AQUAporin ACTIVE SPF 15+UVA: хидратантен крем соUV заштита за нормална кожа

AQUAporin ACTIV EEYE: хидратантен крем за пределот околу очите

eucerin-aquaporin-active-gi-aktivira-prirodnite-hidratantni-mehanizmi-na-kozata-1

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg