Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ги чистите ушите со стапчиња? Подобро немојте, постои поздрав начин

Восокот во ушите е едно од можеби најгрозните работи кои нашето тело ги произведува, но докторите сепак го ограничуваат користењето на стапчиња за чистење на ушите и ги истакнуваат ризиците.

gi-cistite-usite-so-stapcinja-podobro-nemojte-postoi-pozdrav-nacin.jpg

Иако чувството на чистота и сувост во ушите е пријатно, одвикнете се од стапчињата.

Восокот кој се собира во ушите има антибиотски материи кои го штитат увото од инфекции, па неговото отстранување може да ви нанесе само штета, односно инфекции и компликации.

Ако планирате полека да се откажете од оваа навика, почнете да ја спроведувате најмногу 3 пати месечно и тоа исклучиво по туширањето кога пареата го омекнува восокот. Но, со прстот фатете го делот каде завршува памукот и со тоа ќе поставите граница.

Како добра алтернатива се препорачува чистењето на уши со масло и хидроген пероксид.

Еднаш во неделата пред спиење наполнете едно мало шишенце од капки за уши со маслиново или детско масло. Во секое уво капнете по 3 капки и со лесен притисок масирајте го увото. Потоа залепете парче газа или памук, за маслото да не ви се слее на перницата додека спиете.

Следниот ден во текот на туширањето ставете мала количина хидроген на дланката и втријте ја во увото (никако не капнувајте директно.)

Хемискиот спој ќе го отстрани восокот и во целост ќе го исфрли на површина.

Би можело да ве интересира:

Работи што ортопедите никогаш не би ги направиле (а не треба ни вие) Трчање со несоодветни патики, одење боси низ хотелска соба – со кои грешки си го...
Туширање со жешка вода и уште 5 работи што ја влошуваат егземата Жешката вода ги отстранува природните масла на кожата и ја прави посклона кон су...
4 чаеви со кои побрзо ќе ги излечите уринарните инфекции Сигурно веќе знаете дека е препорачливо да пиете увин чај за уринарни инфекции. ...
Природен лек за искашлување секрет од белите дробови – Се пие секој ден по една лажичка Ако и вие заради променливото време маки мачите со кашлицата, овој рецепт за при...
Често зуење во ушите и уште 8 знаци дека треба да го проверите слухот, според експерти Чувствувате како едното или двете уши да ви се затнати и забележувате поизразен ...
Отечено лице, влакна на градите и стомакот: Симптоми на Кушингов синдром (и зошто се јавува) Еден од симптомите на Кушингов синдром е отечено лице, а актерката Ејми Шумер ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg