Jога движења со кои полесно ќе заспиете

Сите знаеме што значи добар сон и колку истиот е важен за нашето здравје. Но, понекогаш „благодарение“ на сите работи кои ни се случиле во текот на денот и на работите кои потсвесно нè измачуваат, нашиот мозок не престанува да работи и многу ни е тешко да заспиеме и телото да го добие толку потребниот одмор.

joga-dvizenja-so-koi-polesno-kje-zaspiete-01.jpg

За ноќите кога сонот никако да дојде, ви нудиме 3 јога движења кои ќе ви помогнат да се опуштите и да потонете во мирен сон.

Потребни ви се само 15 минути, нешто тврдо како поголема книга и неколку перници. Придржувајте се до оваа вечерна рутина и резултатите ќе бидат забележливи за 1-2 недели.

1. Опуштено дијафрагматско дишење

Легнете во удобна положба на грб така што книгата (или друг таков предмет) ќе го поставите на стомакот. Внимавајте на вашето дишење и обидете се вдишувате полнејќи ја дијафрагмата. Ќе знаете дека правилно работите доколку книгата лесно се крева како што вдишувате и се спушта како што издишувате. Преку дијафрагматското дишење ги релаксирате вратот, градите и горниот дел од грбот, а ваквото дишење е многу корисно за намалување на стресот.

joga-dvizenja-so-koi-polesno-kje-zaspiete-02.jpg


2. Положба на пеперутка

Земете ќебе, крпи и перници за да го потпрете телото и главата во удобна положба, поставувајќи ги истите од долниот дел на градниот кош па сè до главата, но водејќи сметка главата да е на повисоко ниво од градите. Свиткајте ги нозете во колената и раширете ги кон двете страни, ставајќи дополнителни перници под секое колено. Опуштете го телото со колковите и карлицата на подот. Дишете нормално. Останете во оваа положба 5-10 минути. Клучната придобивка од оваа положба е да го опуштите телото и да го подготвите нервниот систем за спиење.

joga-dvizenja-so-koi-polesno-kje-zaspiete-03.jpg


3. Нозете исправени на ѕид

За изведување на оваа вежба потребна ви е потпора како што е ѕид. Легнете на грб и полека исправете ги на ѕидот, се додека не добиете прав агол помеѓу нив и торзото. Доколку ви е неудобно можете да ги повлечете малку колковите од ѕидот. Можете да ставите мала перница под вратот доколку ви е неудобно без неа. Лежете во оваа положба 5-10 минути и опуштете го вратот, грбот и колковите. Кога ќе завршите со вежбата свиткајте ги колената и свртете се на едната страна за да се исправите и продолжете право во кревет.   

joga-dvizenja-so-koi-polesno-kje-zaspiete-04.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 промени кои можат да бидат ран знак за Паркинсонова болест (и не треба да ги игнорирате) Отежнат говор, промени во ракописот, но и промени во изразите на лицето – што др...
Анкета на Клиниката за психијатрија под мотото „Спиј добро, живеј подобро“: 40% испитаници се соочув... Речиси 70% од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да з...
Зошто имате висок холестерол, дури и кога внимавате на исхраната? Менопаузата и бременоста создаваат многу промени кај женското тело, а можат да б...
Симптоми кои ви е срам да ги споделите со лекар, но може да се знак за ректален рак Симптомите како крв во столицата некогаш може да бидат знак за рак на ректумот. ...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време) Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...

Најчитани неделава