Симптоми кои ви е срам да ги споделите со лекар, но може да се знак за ректален рак
Симптомите како крв во столицата некогаш може да бидат знак за рак на ректумот. Ако ги забележите, заборавете на срамот и одете на лекар бидејќи кога е во прашање рак, раната детекција неретко е клучна за успешно лекување.

Во многу држави, бројот на случаи со ректален рак се зголемува.
Експертите веќе предупредуваат дека ракот се јавува и кај помладите, односно зголемениот број на случаи е најчест кај миленијалците.
Како што вели автор на една студија, овој вид на рак веќе не се смета за болест која главно се појавува кај постарите лица:
„Ректалниот рак станува сериозен проблем кај помладите и мора да делуваме рано за да го спречиме овој тренд“.
Ректалниот рак е рак на ректумот, односно крајниот дел од дебелото црево.
Проблемот е што предизвикува симптоми за кои луѓето обично им е срам да зборуваат, како и симптоми кои си ги поврзуваат со помалку сериозни проблеми, како хемороиди.
Што треба да знаете за рак на ректум?
Кои се симптомите?
Симптомите на ректалниот рак често можат да изгледаат како симптоми на хемороиди или слична помалку опасна здравствена состојба.
Но, важно е да обрнувате внимание на ваквите промени и да реагирате рано.
Симптомите може да вклучуваат:
- Крв во столицата, поради што столицата може да изгледа многу темна или светлоцрвена
- Крвавење од аналниот отвор
- Промена во навиките за одење во тоалет, како дијареја и констипација
- Чувство дека дебелото црево не се празни целосно кога одите во тоалет
- Болка во стомакот
- Тенка столица
- Слабеење без причина
- Замор и слабост
- Израстоци на ректумот (кои можат да бидат забележани при преглед)

Ако веќе имате хемороиди или некој сличен здравствен проблем, следете ги промените и доколку забележите нешто што ви се чини сомнително, задолжително одете на лекар.
Ако имате крвавење, важно е да се прегледате бидејќи самите не можете да направите разлика помеѓу хемороиди и рак.
Кој е изложен на поголем ризик?
Постојат неколку фактори што можат да го зголемат ризикот од рак на ректумот.
Дел од најчестите се:
- Имате повеќе од 75 години
- Имате прекумерна тежина
- Јадете многу преработено месо, а малку зеленчук
- Пушите и пиете многу алкохол
- Не вежбате
- Имате здравствен проблем како улцеративен колитис или Кронова болест
- Имате семејна историја на рак
Можете ли да го намалите ризикот?
За жал, ракот е непредвидлива болест и во некои ситуации не може да се спречи.
Но, можете да направите некои животини промени кои значително ќе го намалат ризикот:
- Бидете умерени со пиењето алкохол
- Јадете повеќе овошје и зеленчук
- Вежбајте редовно, барем 4 пати неделно
- Одржувајте здрава тежина
- Откажете ги цигарите
Спирова С. | Црнобело
