Зошто имате висок холестерол, дури и кога внимавате на исхраната?

Менопаузата и бременоста создаваат многу промени кај женското тело, а можат да бидат причина и за покачен холестерол.

zoshto-imate-visok-holesterol-duri-i-koga-vnimavate-na-ishranata-01.jpg

Високиот холестерол е проблем што го имаат многумина, а генерално се третира со промени во исхраната, како и препишана терапија.

Но, храната не е единствениот „виновник“ за висок холестерол – постојат и други, неочекувани фактори кои можат да имаат влијание.

Секако, не треба сами да си поставувате дијагнози и секогаш консултирајте се со лекар.

Можни причини за висок холестерол:

Стрес

Хроничниот стрес може да предизвика низа здравствени проблеми, вклучувајќи и покачување на холестеролот.

Кога сме под стрес, телото лачи хормони како кортизол и адреналин. Ако стресот е хроничен, со текот на времето овие хормони можат да имаат влијание врз зголеменото лачење на холестерол во организмот.

Пиење многу кафе

Кај нас популарно е таканареченото нефилтрирано кафе, како турско или еспресо.

Вака приготвеното кафе содржи природни масти, па ако го пиете многу често, може да се одрази на нивото на холестерол.

zoshto-imate-visok-holesterol-duri-i-koga-vnimavate-na-ishranata-02.jpg

Лекови

Некои лекови имаат влијание врз холестеролот. Контрацепциските таблети, кортикостероидите и антивирусните лекови се само дел од лекарствата кои можат да го покачат холестеролот.

Затоа, важно е да бидете искрени со вашиот лекар за лековит што ги пиете.

Проблеми со тироидната жлезда

Хормоните што ги лачи тироидната жлезда помагаат во регулирањето на холестеролот.

Па, ако имате намалена активност на тироидата, постои можност да се зголеми нивото на холестерол.

Менопауза

По менопауза се намалува нивото на хормонот естроген кој, пак, може да им влијание врз холестеролот.

Бидејќи во менопауза жените се посклони кон дебелење, а може да се и помалку физички активни, високиот холестерол може да стане и поизразен.

zoshto-imate-visok-holesterol-duri-i-koga-vnimavate-na-ishranata-03.jpg

Постојано седење

Дури и ако се храните здраво, доколку најголем дел од времето минувате во седење и не сте воопшто физички активни, сосема возможно е да се соочите со висок холестерол.

Бременост

Како менопаузата, и бременоста предизвикува бројни промени во женското тело.

Кај бремените жени нивото на холестерол може да се покачи во вториот и третиот триместар, но генерално се нормализира по породувањето.

Сепак, ако веќе имате висок холестерол, вашиот лекар може да ви препорача да внимавате повеќе.

zoshto-imate-visok-holesterol-duri-i-koga-vnimavate-na-ishranata-04.jpg

Проблеми со црниот дроб

Црниот дроб е органот што го лачи и разградува холестеролот.

Што значи, ако не функционира правилно, може да се соочите со висок холестерол.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg