Како неколку дена на море му влијаат на телото?

Факт е дека ништо не може да ве релаксира како морето. Но покрај релаксацијата, морето има и многу други неверојатни ефекти.

kako-nekolku-dena-na-more-mu-vlijaat-na-teloto-01.jpg

Морската вода и воздухот се одлични за нашиот организам и можат да го подобрат целокупното здравје.

Во продолжение дознајте како:

Лекување со морска вода

Таласотерапијата претставува лекување со морска вода и потекнува од Грција. Уште пред 2.500 години, овој вид терапија се користел за болести како егзема, артритис, астма и болки во грбот.

Хипократ успеал да го открие лековитото својство на морската вода набљудувајќи го нејзиното влијание врз раните. Тој забележал дека морската вода го забрзува зараснувањето на раните, ги спречува инфекциите и може да ја намали болката.

Морската вода содржи важни елементи

Морската вода содржи натриум, магнезиум, калциум, калиум, па дури и сребро и злато. Бидејќи водата продира во кожата, со неа се апсорбираат овие важни елементи.

Морето содржи и алги кои испуштаат минерални супстанци и кои можат да го подобрат изгледот на кожата, да го зајакнат имунитетот и го намалат целулитот.

Морето е добро за алергии и астма

Морската сол е одлична и за кожните алергиски реакции. Некои лекари веќе со години користат купки со морска сол за лекување и ублажување на симптомите од алергиите.

Чистиот морски воздух пак, кој е заситен со негативни јони, го олеснува дишењето кај луѓето со астма.

kako-nekolku-dena-na-more-mu-vlijaat-na-teloto-03.jpg

Витамин Д

Сончањето не е само за да добиете убав тен, туку со оваа активност го снабдувате организмот со витамин Д. Овој витамин има важна улога во спречувањето на многу болести, вклучувајќи мултиплекс склероза и рак. Се разбира, не заборавајте на кремите за сончање.

Намалување на стресот

Летувањето на море ви дава можност да заборавите на проблемите и вистински да се опуштите. Магнезиумот од морската вода исто така помага во борбата против стресот. Па, овој одмор искористете го за вистински да се ослободите од напнатоста.

Негативни јони

Веќе напоменавме дека морскиот воздух содржи негативни јони кои го поттикнуваат длабокото дишење. Истовремено, негативните јони го зајакнуваат имунитетот, ја подобруваат концентрацијата и ги намалуваат несоницата и депресијата.

Чистење на организмот

Капењето во морска вода ја поттикнува работата на органите кои го филтрираат организмот. Благодарение на ова, штетните материи почнуваат да излегуваат на површина, со што се олеснува процесот на прочистување на телото.

Креативност

Морето, но и самата вода, отсекогаш биле поврзувани со креативноста. Минувањето време покрај вода може да ги поттикне позитивните емоции, интуицијата и креативноста.

kako-nekolku-dena-na-more-mu-vlijaat-na-teloto-02.jpg

Очи

Сината боја на морето и гледањето во далечина имаат позитивно влијание врз вашите очи. Доколку минувате многу време пред компјутер, добро би било да одморете на море.

Спортски активности

Морето е совршено за пливање, сурфање, одбојка на плажа или какви било водни спортски активности. Овие активности не само што ќе ви помогнат да го обликувате вашето тело, туку и ќе ви го подобрат здравјето.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време) Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg