Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима?

Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено и доста често е облачно, кај многу луѓе се јавува недостаток од витамин Д.

dali-treba-da-piete-suplementi-so-vitamin-d-vo-esen-i-zima01.jpg

Витаминот Д е неопходен за развојот и одржувањето на здравјето на коските, но има важна улога и во нервниот систем и имунитетот.

Ова е витамин што се внесува преку храна, суплементи, но и изложеност на сонце.

Токму затоа, во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено и доста често е облачно, кај многу луѓе се јавува недостаток од витамин Д.

Зошто е важен витаминот Д и што се случува кога го немате доволно?

Витаминот Д му овозможува на телото да ги користи калциумот и фосфорот во организмот, со што има директно влијаени врз состојбата на коските и останатите ткива.

Кога има недостаток од витамин Д, се намалува апсорпцијата на калциум и фосфор, што може да води до ниско ниво на калциум во крвта.

Кога недостатокот од витамин Д станува хроничен, се забележуваат и проблеми со здравјето, како ослабени коски и чести скршеници.

dali-treba-da-piete-suplementi-so-vitamin-d-vo-esen-i-zima-03.JPG

Кои се симптомите на недостаток од витамин Д?

Кај децата кои уште се во развој, недостатокот од витамин Д може да предизвика деформитети на коските и зглобовите.

Но, важно е да се напомни дека ова е ретко – кај повеќето деца недостатокот е во поблага форма и предизвикува само слабост и болка во мускулите.

Недостатокот од витамин Д е помалку очигледен кај возрасните, а симптомите вклучуваат:

  • Замор
  • Болка во коските
  • Слабост и болка во мускулите
  • Променливо расположение, како депресија

Но, можно е и да немате ниту еден од овие симптоми, а сепак да се соочувате со недостаток.

dali-treba-da-piete-suplementi-so-vitamin-d-vo-esen-i-zima-04.JPG

Кога се јавува недостаток од витамин Д?

Генерално, има две причини за недостаток од витамин Д:

  • Не внесувате доволно преку храна или со изложеност на сонце
  • Телото не го апсорбира правилно

Секако, постојат и други можни причини, како одредени здравствени проблеми и некои лекови.

Целијакијата и цистичната фиброза се дел од болестите кои може да имаат влијание врз апсорпцијата на витаминот Д.

Исто така и дебелината може да го намали неговото ниво.

dali-treba-da-piete-suplementi-so-vitamin-d-vo-esen-i-zima-05.JPG

Кој е изложен на поголем ризик?

Покрај медицинските состојби, постојат и други ризични фактори:

Возраст: Со годините, се намалува способноста на кожата да произведува витамин Д. Па, лицата над 65 години се изложени на поглем ризик. Истото важи и за бебиња.

Боја на кожа: На лицата со потемна кожа им е потешко да создадат витамин Д со помош на сончева светлина, па тие се изложени на поголем ризик.

Подвижност: Со неподвижноста, може да се намали изложеноста на сонце, а ова да го намали нивото на витамин Д во организмот.

dali-treba-da-piete-suplementi-so-vitamin-d-vo-esen-i-zima-02.JPG

Што да правите ако имате ниско ниво на витамин Д?

Ако се сомневате дека имате намалено ниво н витамин Д, добро би било да се консултирате со лекар.

Побајте да внесувате повеќе преку храна и минувајте повеќе време на сонце.

Намирници кои се богати со витамин Д се лосос и туна, жолчка од јајца, печурки, како и растителни млека, житарици и слично кои имаат додаден витамин Д.

Но, немојте да пиете суплементи на своја рака. Односно, вашиот лекар ќе ви каже дали има потреба од тоа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Колку долго треба да стоите на сонце во лето за да добиете топлотен удар (и кога е смртоносен)? По само 10 минута на сонце без соодветна заштита може да ви се јават изгореници ...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава