Зошто треба да ги јадеме семките од лубеницата?

Како мали сите сме ги слушнале приказните дека треба да ги фрламе семките од лубеницата, затоа што ќе „ни никне“ лубеница во стомакот. Но, дали навистина може овие семки на каков било начин да ни наштетат?

zoshto-treba-da-gi-jademe-semkite-od-lubenicata-01.jpg

Ако се следат податоците објавени на веб порталот Healthline семките од лубеница не само што не треба да ги фрламе, туку тие се и мошне здрави.

Освен што се нискокалорични, тие се богати со здрави хранливи состојки. Доколку не можете да ги голтате „живи“, можете да ги испечете и да добиете крцкаво мезе.

Семките од лубеница содржат магнезиум и железо, а се богати со монозаситени и полизаситени масти што го регулираат нивото на холестерол во крвта и ве штитат од срцев и мозочен удар.

Semkite-od-lubenica-se-zdravi+Recept-za-potpecheni-semki-od-lubenica-02.jpg

Докторот Пол Касен, нутриционист и автор на книгата Eat Your Way To Wellness, минатата година на Твитер објави пост во кој ги информираше луѓето зошто не треба да ги плукаат семките од лубеницата.

Освен со овие состојки, семките од лубеницата се богати и со цинк што е неопходен за зајакнување на имунитетот. Цинкот е одличен и за дигестивниот и нервниот систем кај човекот, помага во растот на клетките и ги зајакнува сетилата за вкус и за мирис.

Semkite-od-lubenica-se-zdravi+Recept-za-potpecheni-semki-od-lubenica-03.jpg

Како да испечете семки од лубеница:

Доколку сепак не можете да ги јадете „живи“ и ви пречат во вкусот на лубеницата, семките можете и да ги испечете. 

  • Ја вклучувате рерната да се загрее на 160 степени Целзиусови.
  • Семките ги ставате во плех обложен со хартија за печење. Отприлика би требало да се испечат за околу 15 минути. Но, доколку сакате тие да бидат еднакво крцкави, по отприлика 7-8 минути печење би требало да ги промешате.
  • За подобар вкус можете да додадете малку маслиново масло и сол.

Semkite-od-lubenica-se-zdravi+Recept-za-potpecheni-semki-od-lubenica-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело /фото: Freepik/Depositphotos

Би можело да ве интересира:

Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...
Трик за спиење развиен во војска: Како да заспиете за 2 минути? Со работните, семејните и социјалните обврски, може да биде тешко да го смириме ...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Зошто луѓето после 40-тата година треба почесто да консумираат смокви? Јапонските научници докажаа дека главната состојка на смоквата – бензалдехид, пр...
Фебрилни конвулзии кај деца: Кои се причините, како да ги препознаете и како да реагирате? Ако сè се прави правилно и во консултација со лекар, фебрилните конвулзии кај по...
Физиотерапевт открива: „Како да се спасите од вкочанетоста во рамениците за 2 минути? „Буквално го пробав ова додека бев на работа. Навистина ми помогна“ – стои во ед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg