Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца?

Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми со здравјето, сте физички активни и главно се храните здраво, може да чувствувате придобивки ако ги јадете секој ден.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-jadete-vareni-jajca-01.jpg

На Велигден, но и неколку денови по празникот, јајцата се меѓу храната што се јаде најмногу.

И, јајцата се навистина здрава храна, секако, во зависност од тоа како се приготвени.

Имаат корисни хранливи материи, како протеини и здрави масти, но од друга страна, жолчките содржат и повеќе холестерол.

Па, што може да се случи ако секој ден јадете јајца, но и кој треба да ги избегнува?

Може да ви се зголеми мускулната маса

Протеините се важни за градење и одржување на мускулната маса, а ова е состојка што јајцата ја имаат во изобилство. Тие се богати и со аминокиселини, селен и витамин Б.

Па, ако често консумирате јајца и правите вежби за зајакнување на мускулите, може да почувствувате придобивки.

Секако, важно е и каква е вашата целокупна исхрана – ако главно јадете нездрава храна, нема да почувствувате некој ефект од јајцата.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-jadete-vareni-jajca-02.jpg

Намален ризик од хронични болести

Јајцата се богати со антиоксиданти – супстанци што ја намалуваат штетата на клетките создадена од нестабилни молекули познати како слободни радикали.

Ако во телото има повеќе слободни радикали отколку антиоксиданти, тогаш можат да се јават хронични заболувања како дијабетес или проблеми со срцето.

Ова значи дека храната богата со антиоксиданти, како јајца, може да го намали овој ризик.

Но, важно е да се напомни – ако имате проблеми со срцето, важно е прво да се консултирате со лекар пред почесто да почнете да јадете јајца.

Намалени воспаленија во телото

Покрај антиоксидантите, јајцата содржат и други хранливи материи кои ги намалуваат воспаленијата во телото.

Сепак, овие хранливи материи главно се наоѓаат во жолчката, па ако јадете само белки, може да не го почувствувате истиот бенефит.

И овој пат треба да се истакне дека некои луѓе треба да бидат умерени со жолчки, па ако имате какви било здравствени проблеми, прво консултирајте се со лекар.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-jadete-vareni-jajca-03.jpg

Го поттикнуваат слабеењето

Јајцата се богати со протеини, со релативно малку калории.

Поради протеините, јајцата ќе ве држат сити подолго, што значи во текот на денот ќе изедете помалку храна.

Според едно истражување, луѓето кои појадуваат јајца имаат пониско ниво на хормонот кој поттикнува глад и јадат помалку во текот на денот.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-jadete-vareni-jajca-05.jpg

Како јајцата влијаат на холестеролот и кој треба да ги избегнува?

Јајцата имаат многу холестерол кој се наоѓа во жолчката.

Поради ова, луѓето кои имаат висок холестерол или проблеми со срцето, треба да се консултираат со лекар доколку сакаат да јадат јајца.

Ако сакате да го зголемите внесот на јајца, важно е да ја земете предвид вашата целокупна здравствена состојба, навиките за вежбање и исхраната.

Ако не сте физички активни, а одеднаш почнете да јадете многу јајца, нема да почувствувате бенефит како зголемена мускулна маса.

Исто така, ако главно јадете нездрава храна, јадењето повеќе јајца нема да ви биде од никаква помош.

Консултирајте се со лекар и ако имате многу прекумерна тежина, дијабетес и други заболувања.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-jadete-vareni-jajca-04.jpg

Колку јајца дневно можете да изедете?

За ова е најдобро да разговарате со вашиот лекар.

Но, генерално, ако секој ден јадете јајца и немате проблеми со здравјето во ред е да изедете две-три.

Потребни се дополнителни истражувања за да се утврди дали јадењето повеќе од три јајца дневно (со жолчка) го загрозува здравјето.

Што значи, најдобро е да бидете умерени, давајте им предност на варени јајца и избегнувајте да ги приготвувате со многу масло, путер и слични масти кои можат да бидат лоши за здравјето.

Ако се сомневате за што било, консултацијата со лекар ви е најдобрата опција.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg