„Ме боли глава, ќе врне“ - постои ли метеопатија и како да си ги олесните симптомите?

Сите добро го знаеме времето кога бабите се жалеа на „вртење на коските”, силна главоболка и слични симптоми заради промена на време. Денес, сè повеќе млади лица влегуваат во категоријата метеопати. Дали навистина постои оваа состојба и како да си ги олесните симптомите?

me-boli-glava-kje-vrne-postoi-li-meteopatija-i-kako-da-si-gi-olesnite-simptomite-01.jpg

Климатските драстични температурни скокови направија да не правиме разлика помеѓу есен и пролет, па така нагло од летните алишта преоѓаме во чизми, капути и јакни.

Како влијае времето на нашето здравје?

Променливото време влијае на сите нас, а со намалување на сончевите денови се намалува и лачењето на серoтонинот – хормон на доброто расположение што доведува до намалување на енергијата и расположеноста, особено кај метеопатите.

Темпото на животот и работата од канцеларија, прави сè повеќе да се наоѓаме во затворени простории (особено во периодот на дождови и студени зими), па така организамот нема простор да се навикне на температурните промени што се случуваат.

Кај помладите, симптомите се најчесто главоболка, мачнина, потиштеност и замор, нагли промени на расположението, намалена концентрација, болки во делови на телото каде претходно имале некаква повреда, додека кај постарата популација, покрај овие симптоми, се јавува и тахикардија, зголемен крвен притисок, ревматски болки и сл.

me-boli-glava-kje-vrne-postoi-li-meteopatija-i-kako-da-si-gi-olesnite-simptomite-02.jpg

Корисни совети за метеопатите:

1. Поминување повеќе време на отворено. Секој слободен ден искористете го за прошетка надвор од домот или работното место, на чист воздух, без разлика на временските услови, далеку од сообраќајниот метеж.

2. Вежбање и пешачење барем половина час.

3. Практикување на секојдневна утринска гимнастика или јога во комбинација со медитација - тоа е одличен тренинг за кардиоваскуларниот систем.

4. Релаксирачки масажи во домашни услови или во салони.

5. Користење на етерични и есенцијални масла на база лаванда и камилица - освен што релаксираат, ќе донесат и свежина во вашиот дом.

6. Туширање со наизменично топла и ладна вода за подобра циркулација.

7. Здрава исхрана богата со риба, зеленчук и овошје (по потреба внес на суплементи за повеќе витамини и минерали, во консултација со лекар).

8. Добар и квалитетен сон - половина здравје.

9. Најмалку два литра течности на ден, по можност вода или чај од камилица и маточина.

10. Умерен, а не претеран внес на кофеин, масти и шеќери.

Иако метеопатијата се дефинира како болест на денешницата, сепак е состојба.

Па така, не дозволувајте секојдневното проверување на временската прогноза да ви го дефинира расположението. И дождливото и облачно време има своја убавина. 

На крајот од краиштата, сонцето повторно ќе огрее.

М. У. Т. | Црнобело / фото: depositphotos.com

 

Би можело да ве интересира:

Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена? Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе в...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Трендови за здравје од 2025-та кои не се баш здрави, според експерти Опседнати сте со внесот на протеини, пиете многу суплементи, пробувате да му нап...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg