10 трикови за побрзо и поефикасно чистење на домот

Користете микрофибер крпи, чистете ги прозорците со вода и средство за садови и секогаш почнувајте од најгорните елементи – Можеме да научиме многу за чистењето од хигиеничарите.

10-trikovi-od-eskperti-za-pobrzo-i-poefikasno-chistenje-na-domot-01.jpg

Дефинитивно можеме да научиме многу од хигиеничарите кога станува збор за чистење на домот.

Благодарение на искуството, тие најдобро знаат што е ефикасно и што не, но и како најбрзо може да се исчисти секој дел од домот.

Во продолжение, 10 совети за чистење од експерти:

Користете микрофибер крпи

Освен ако не станува збор за тврдокорни дамки, ништо не може да ги замени микрофибер крпите за чистење – издржливи се, можете да ги перете безброј пати и се сушат многу побрзо.

10-trikovi-od-eskperti-za-pobrzo-i-poefikasno-chistenje-na-domot-02.jpg

Соберете ги средствата што ќе ги користите во кофа

Наместо постојано да трчате низ домот за да го земете она што ви треба, пред да почнете со чистење, во кофа ставете ги сите средства, крпи и слично што ќе ги користите.

10-trikovi-od-eskperti-za-pobrzo-i-poefikasno-chistenje-na-domot-12_copy.jpg

Користете универзални средства за чистење

Наместо да купувате безброј продукти за чистење, слободно користете универзални средства кои знаете дека се ефикасни.

Нормално, за некои површини, како дрво, ќе мора да купите посебно средство за да не ги оштетите, но за повеќето можете да користите исто средство.

10-trikovi-od-eskperti-za-pobrzo-i-poefikasno-chistenje-na-domot-04.jpg

Чистете од горе, кон долу

Најпрво исчистете ги елементите кои се највисоко, како полици. Потоа исчистете ги масите, креветите и слично, и на крај исчистете го подот.

Ако почнете од подот, речиси сигурно повторно ќе го извалкате додека ги чистите погорните елементи.

10-trikovi-od-eskperti-za-pobrzo-i-poefikasno-chistenje-na-domot-05.jpg

Оставете ги средствата да делуваат

Кога чистите потврдокорни дамки, како на шпорет, препорачливо е да го оставите средството да делува 15-тина минути.

На овој начин ќе нема потреба да ги триете површините, а со тоа е помала веројатноста да ги оштетите.

10-trikovi-od-eskperti-za-pobrzo-i-poefikasno-chistenje-na-domot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Предмети во домот кои е препорачливо да ги заменувате со нови еднаш годишно Завесата во бањата е совршено место за развој на мувла и бактерии, дури и ако ре...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg