Трикови за чистење бања кои се популарни на ТикТок (и функционираат)

Пената за бричење можете да ја користите и за чистење на огледалото, и на чешмите, додека обичната сол ќе ви помогне да се ослободите од непријатниот мирис од тоалетната школка. Трикови за чистење од ТикТок кои ќе ви се најдат во секојдневието.

trikovi-za-chistenje-banja-koi-se-popularni-na-tiktok-i-funkcioniraat-01.jpg

Бањата е дел од домот кој бара најмногу внимание кога станува збор за чистење.

Но, со овие трикови од ТикТок значително ќе си ја олесните оваа обврска:

Свеж мирис во бањата

Наместо постојано да прскате со освежувач за воздух, можете да нанесете поголемо количество (освежувач) на одредени места.

На пример, можете да ја испрскате четката за тоалетната школка или внатрешниот дел од тоалетната хартија.

На овој начин мирисот постепено ќе испарува и ќе трае подолго.

Во корпата за отпадоци, пак, можете да ставите памук натопен во мирисливо масло. Најдобро е памукот да го ставите под ќесата за ѓубре.

trikovi-za-chistenje-banja-koi-se-popularni-na-tiktok-i-funkcioniraat-02.jpg

Пена за бричење за чистење огледало

Пената за бричење не само што добро ќе го исчисти огледалото, туку и ќе го спречи неговото замаглување.

trikovi-za-chistenje-banja-koi-se-popularni-na-tiktok-i-funkcioniraat-03.jpg

Пена за бричење за полирање

Пената за бричење можете да ја искористите и за полирање на чешмите во бањата.

Нанесете ја на чешмата, оставете да делува две-три минути, па избришете ја.

trikovi-za-chistenje-banja-koi-se-popularni-na-tiktok-i-funkcioniraat-04.jpg

Избелувач за отстранување мувла

Поради влагата, мувлата е честа појава во бањата, но лесно можете да ја отстраните со избелувач.

Најпрво натопете стара четка за заби во малку избелувач и истријте дел од мувлата.

Потоа ставете тоалетна хартија врз местото со мувла, нанесете од избелувачот врз хартијата и оставете да делува.

На крај уште еднаш истријте со четката и исплакнете со вода.

trikovi-za-chistenje-banja-koi-se-popularni-na-tiktok-i-funkcioniraat-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава