Трикови за чистење бања кои се популарни на ТикТок (и функционираат)

Пена за бричење за тврдокорни дамки

Се чини дека пената за бричење има многу примени – може да ви помогне и во отстранувањето на тврдокорните дамки од подот на бањата.

Нанесете од пената врз дамките, оставете да делува, па малку истријте со четка.

На крај соберете го вишокот со џогер.

trikovi-za-chistenje-banja-koi-se-popularni-na-tiktok-i-funkcioniraat-06.jpg

Четка за заби за тешко достапни места

Веќе ја спомнавме четката за заби, а можете да ја користите за сите тешко достапни места во бањата.

trikovi-za-chistenje-banja-koi-se-popularni-na-tiktok-i-funkcioniraat-07.jpg

Сол за отстранување непријатен мирис

За да го отстраните непријатниот мирис од тоалетната школка, внатре ставете сол.

Оставете да делува неколку минути, па пуштете вода.

Ќе треба да го повторите трикот неколкупати, но може да направи разлика.

trikovi-za-chistenje-banja-koi-se-popularni-na-tiktok-i-funkcioniraat-08.jpg

Жешка вода и средство за садови за одзатнување

Ако забележите дека тоалетната школка е малку затната, внатре истурете околу половина шолја средство за миење садови.

Потоа постепено истурете поголемо количество врела вода и на крај пуштете вода.

Важно е да се напомене дека овој трик нема да функционира ако станува збор за голема блокада во цевките. Во овој случај најдобро е веднаш да викнете експерт.

trikovi-za-chistenje-banja-koi-se-popularni-na-tiktok-i-funkcioniraat-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава