Најголемите грешки во чистењето на домот (што сигурно ги правите)

Ги чистите прозорците кога е сончево, ставате многу прашок и омекнувач во машината за перење облека и не ја дезинфицирате четката за заби. Кои се другите грешки во одржувањето на хигиената во домот што ги правиме скоро сите?

najgolemite-greshki-vo-chistenjeto-na-domot-shto-sigurno-gi-pravite-01.jpg

Сите настојуваме да правиме некои грешки кога го чистиме домот. Проблемот е што со овие грешки го скратуваме рокот на траење на одредени апарати и предмети, но и дозволуваме да се создадат бактерии, мувла и слично.

Кои грешки треба да ги избегнувате?

Ги чистите прозорците кога е сончево

Поради сончевите зраци, средството за прозорци ќе се исуши речиси веднаш, уште пред да стигнете да го избришете прозорецот.

Што значи, на него ќе останат дамки.

najgolemite-greshki-vo-chistenjeto-na-domot-shto-sigurno-gi-pravite-02.jpg

Не ја дезинфицирате четката за тоалетната школка

Не треба да ја дезинфицирате четката по секое користење, туку и пред да ја употребите за чистење на школката.

Во држачот на четката речиси секогаш има влага, што значи дека лесно се развиваат бактерии.

Ако не ја дезинфицирате пред употреба, само ќе ги разнесете бактериите низ школката.

najgolemite-greshki-vo-chistenjeto-na-domot-shto-sigurno-gi-pravite-03.jpg

Користите многу прашок и омекнувач за облека

Секогаш следете го упатството на амбалажата на прашокот и омекнувачот.

Ако ставите многу од овие средства, најпрво, нема да се исплакнат.

Покрај тоа, можат да се наталожат во машината и да ја расипат.

najgolemite-greshki-vo-chistenjeto-na-domot-shto-sigurno-gi-pravite-04.jpg

Ја миете дрвената даска во машина за садови

Во машината за миење садови постои голема веројатност дрвената даска да се накисне со вода и да се оштети.

Затоа, најдобро мијте ја рачно и не заборавајте да ја дезинфицирате.

najgolemite-greshki-vo-chistenjeto-na-domot-shto-sigurno-gi-pravite-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава