Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни)

Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие грешки не само што нема да го исчистите домот како што треба, туку можат да бидат и опасни.

raboti-shto-gi-pravite-pogreshno-koga-go-chistite-domot-i-mozhat-da-bidat-opasni-01.jpg

Чистењето е далеку од најзабавната активност, па сите сакаме да завршиме со оваа обврска што е можно побрзо.

Поради ова, правиме некои грешки мислејќи дека ќе исчистиме побрзо или поефикасно.

Грешки во чистењето кои треба да ги избегнувате:

Ги чистите тавите и тенџерињата со жичка

Жичката лесно ги вади тврдокорните дамки, но не заборавајте и дека ги гребе површините на тавите тенџерињата.

А, веројатно веќе знаете дека штом ќе изгребете тава, таа станува практично неупотреблива.

Ако во овие садови има тврдокорни дамки, подобро покиснете ги.

raboti-shto-gi-pravite-pogreshno-koga-go-chistite-domot-i-mozhat-da-bidat-opasni-02.jpg

Ставате политура директно на мебелот

Политурата за дрвен мебел е навистина практична и ефикасна, но немојте да ја нанесувате директно на површините.

На овој начин може да остане слој од неа кој ќе стане леплив и ќе собира прашина.

Наместо тоа, нанесувајте ја политурата на крпата.

raboti-shto-gi-pravite-pogreshno-koga-go-chistite-domot-i-mozhat-da-bidat-opasni-03.jpg

Користите избелувач за сè

Немојте да користите избелувач за чешмите во бањата бидејќи може да кородираат.

За овие делови од домот, користете средства за таа намена.

Избегнувајте го избелувачот за какви било метали, како и за површини од мермер.

raboti-shto-gi-pravite-pogreshno-koga-go-chistite-domot-i-mozhat-da-bidat-opasni-04.jpg

Чистите со оцет

Оцетот може да биде одлично природно средство за чистење, но не е препорачлив за метали и не’рѓосувачки челик, како чешмите.

Немојте да го користите ни за камени површини, како мермер.

raboti-shto-gi-pravite-pogreshno-koga-go-chistite-domot-i-mozhat-da-bidat-opasni-05.jpg

Користите ист приклучок од правосмукалката за сè

Поновите правосмукалки се продаваат со разни приклучоци и тоа со причина.

Некои од нив се погодни за ламинати и слично бидејќи не го гребат, а некои за теписи, бидејќи собираат и влакна.

Па, добро прочитајте го упатството од вашата правосмукалка.

raboti-shto-gi-pravite-pogreshno-koga-go-chistite-domot-i-mozhat-da-bidat-opasni-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...

Најчитани неделава