14 кратки и корисни совети за намалување на прашината во домот
Ставете килимче пред влезната врата – и однадвор и одвнатре – и не заборавајте да го исчистите тапацираниот мебел со правосмукалка.

Прашината е проблем што ни е добропознат на сите.
Додека, за жал, невозможно е целосно да ја избегнете прашината, особено ако живеете во град, постојат некои трикови со кои ќе ја намалите.
Дел од нив во продолжение:
Ставете килимче пред влезната врата однадвор, но и одвнатре. На овој начин драстично ќе ја намалите прашината што обично ја внесуваме од надвор.

Намалете го бројот на предмети од ткаенина во просторијата. На ткаенините лесно се акумулира прашина, која потоа е потешко да ја отстраните.

Редовно менувајте ја постелнината – барем еднаш неделно. На неа лесно се собираат мртви кожни клетки кои го влошуваат проблемот со прашина.

Редовно чистете го просторот под креветите и другите елементи во домот. Обично ги забораваме овие места бидејќи не ги ни гледаме, но тие се совршено „дувло“ за прашина во домот.

Не претерувајте со украси по полиците бидејќи ќе ви биде потешко да ги избришете. А, ако не ги бришете редовно, проблемот со прашина ќе ви се влоши.

Средете ги гардероберите – кога облеката е уредно здиплена, помала е веројатноста дека на неа ќе заврши прашина кога ќе го отворите гардероберот.

Редовно метете ги теписите. Препорачливо е еднаш неделно, но ако имате многу прашина во домот, користете правосмукалката и двапати во една недела.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време
Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Осум трикови како да ја намалите прашината во домот
Затворајте ги прозорците и вратите, редовно менувајте ја постелнината и чешлајте...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет
Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода
Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...