Осум трикови како да ја намалите прашината во домот
Затворајте ги прозорците и вратите, редовно менувајте ја постелнината и чешлајте го крзното на миленикот.

Ако живеете во град, тогаш веруваме дека еден од најголемите проблеми во домот ви е прашината.
Колку и да ја чистите, до следниот ден домот повторно има слој прашина.
Иако нема начин целосно да се ослободите од прашината, постојат трикови што ќе ви помогнат барем да ја намалите.
Дел од нив во продолжение:
Затворајте ги прозорците и вратите
Штом имате голем проблем со прашина, тогаш проветрувајте еднаш-двапати во денот, а потоа држете ги прозорците затворени.
Сепак, преку нив влегува најголемиот дел од прашината.
Чистете ги филтрите на уредите
Филтерот на клима уредот, како и филтерот на вентилацијата лесно собираат прашина.
Затоа важно е да ги чистите редовно и да ги заменувате кога ќе се истрошат.
Со ова ќе отстраните голем дел од прашината, но и ќе им го продолжите рокот на уредите.
Ставете килимче пред влезната врата и соблекувајте ги чевлите во ходникот
Килимчето пред влезната врата ќе апсорбира голем дел од прашината што ќе ја внесете од надвор.
Истовремено, соблекувајте ги чевлите уште во ходникот за да не разнесувате прашина низ домот.
Купете прочистувач за воздух
Прочистувачот за воздух може да ви помогне и колку-толку да ја регулирате прашината во домот.
Покрај тоа, идеален е за зимски месеци кога воздухот кај нас е многу загаден.
Ако имате прочистувач, не заборавајте да ги чистите и менувате и неговите филтри.