Осум трикови како да ја намалите прашината во домот
Еднаш неделно менувајте ја постелнината и крпите
Голем дел од прашината во домот е всушност мртви кожни клетки, а ова значи дека постелнината и крпите се место што се акумулира многу.
Потрудете се еднаш неделно да ја менувате постелнината и редовно да ги перете крпите за бришење.
Средете го хаосот во домот
Колку повеќе предмети имате во домот, толку потешко ќе ви биде да ја избришете прашината.
Па, ослободете се од она што не ви треба и ќе си го олесните чистењето.
Редовно чешлајте го крзното на милениците
Ако имате мачка или куче, важно е редовно да ѝ го чешлате крзното.
На нив лесно се собира прашина, па со чешлањето ќе отстраните голем дел од неа.
Не ја чувајте облеката на отворено
Облеката треба да ви биде затворена во гардеробер. Во спротивно на неа ќе се собере прашина која ќе ја разлетате при секое облекување.
Препорачливо е и да ја истресете облеката пред да ја ставите во гардероберот.
Спирова С. | Црнобело