Бели дрвени врати: Зошто пожолтуваат и како да ги одржувате?

Неквалитетна боја, но и грејни тела кои се наоѓаат во близина - зошто пожолтуваат белите дрвени врати и како правилно да ги одржувате?

beli-drveni-vrati-kako-da-gi-odrzhuvate-i-greshki-poradi-koi-tie-pozholtuvaat-01.jpg

Кога го чистиме нашиот дом, многупати забораваме на едни од површините кои најмногу ги допираме – вратите.

Како правилно да ги чистите и одржувате белите врати?

Избришете прашина и дезинфицирајте ги

Една од најлесните задачи кои треба да ги вметнете при рутината за чистење е да ги избришете вратите од прашина и да ги дезинфицирате кваките.

Искористете ги омилените марамчиња за чистење или, пак, ставете спреј за дезинфекција на мека крпа за да ги избришете сите делови со кои често сте во контакт.

Ова особено е важно во постудените месеци кога повеќе време поминуваме внатре во домот.

beli-drveni-vrati-kako-da-gi-odrzhuvate-i-greshki-poradi-koi-tie-pozholtuvaat-04.jpg

Миење

Не користете премногу абразивни средства при чистење на белите дрвени врати во вашиот дом. Наместо тоа, направете раствор од една лажичка сјај за миење садови во едно шише вода, и со него поминете ја површината.

Но, за секој случај, прво тестирајте на мал дел од површината на вратата за да се осигурате дека нема да имате несакана реакција со бојата.

По чистењето со овој раствор, поминете ја вратата со чиста влажна крпа, а на крај со чиста и сува крпа за да исчистите какви било траги.

beli-drveni-vrati-kako-da-gi-odrzhuvate-i-greshki-poradi-koi-tie-pozholtuvaat-02.jpg

Тврдокорни дамки

Понекогаш сапунот и водата не се доволно силни за да ги отстраните дамките. Ако имате навистина тврдокорни дамки, тогаш растворете бел оцет и вода. Тој е евтин, не е токсичен и е многу ефикасен. Немојте да се грижите за мирисот бидејќи испарува брзо.

Без разлика колкава и каква е дамката, важно е да не триете премногу грубо затоа што може да ја оштетите бојата и површината на вратата.

beli-drveni-vrati-kako-da-gi-odrzhuvate-i-greshki-poradi-koi-tie-pozholtuvaat-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава