Бели дрвени врати: Зошто пожолтуваат и како да ги одржувате?

Отстранување гребнатини

Со бришењето на белите дрвени врати, може да се отстранат благите траги од гребнатини. Сепак, ако тоа не делува, може да користите паста од сода бикарбона и вода, па нежно да нанесете на местото, и тоа со мека и чиста крпа.

Ако гребнатините не се решат со овој метод, можеби ќе треба да се одлучите за бојадисување на вратата.

beli-drveni-vrati-kako-da-gi-odrzhuvate-i-greshki-poradi-koi-tie-pozholtuvaat-05.jpg

Колку често треба да ги чистите вратите?

Не постојат строги правила за тоа колку пати месечно треба да ги чистите внатрешните врати, поради тоа што не секоја врата се користи исто во текот на денот.

На пример, вратата во спалната соба сигурно ќе ја користите поретко за разлика од вратата во бањата. Затоа, најдобро е самите да процените дали ќе ги бришете вратите секоја втора недела или еднаш месечно.

Но, кога станува збор за кваките, бидејќи тие најмногу се допираат, брзо може да се насоберат нечистотии и бактерии. Па, препорачливо е да ги чистите барем еднаш неделно.

beli-drveni-vrati-kako-da-gi-odrzhuvate-i-greshki-poradi-koi-tie-pozholtuvaat-07.jpg

Грешки поради кои пожолтуваат вратите во вашиот дом

Неколку фактори може да влијаат на тоа белата врата да „се претвори“ во жолта. Но, без сомнение, најзначајниот фактор за ова е бојадисување на вратата со боја што не е погодна за дрво или користење неквалитетна боја.

Во случај на надворешни врати, изложеноста на временските услови може да предизвика промена на бојата на вратата, особено ако постојано се навлажнува.

Друга грешка поради која може вратите да пожолтат е користење дрво кое не е целосно исушено и сè уште е во процес на ослободување влага.

Како што се ослободува влагата, таа создава жолти дамки кои се појавуваат дури и по ставање на неколку слоеви бела боја.

beli-drveni-vrati-kako-da-gi-odrzhuvate-i-greshki-poradi-koi-tie-pozholtuvaat-06.jpg

Овој проблем може да го избегнете ако внимателно изберете од каде ќе ја купите или порачате вратата.

Прекумерната изложеност на чад од цигари исто така може да ја промени бојата на вашата врата.

Белата боја може да стане жолта и ако е поставена во непосредна близина на извор на топлина, како шпорет или радијатор.

beli-drveni-vrati-kako-da-gi-odrzhuvate-i-greshki-poradi-koi-tie-pozholtuvaat-08.jpg

Зошто да се одлучите за бели дрвени врати?

За белите дрвени врати можеме да кажеме дека имаат неколку предности во однос на другите:

  • Се вклопуваат во речиси секаков стил, од класичен до модерен
  • Тие се безвременски и секогаш се тренди
  • Визуелно го прошируваат просторот
  • Кој било модел на врата може да се направи бел, со стакло или без
  • Може да изберете различни текстури и дизајни

Па, со добро одржување, грижа и нега, белите врати долго време може да го разубавуваат вашиот дом. Затоа, наредниот пат не заборавајте да ги вклучите во рутината за чистење!

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава