Како да ја „спасите“ овенатата марула и уште 9 корисни кујнски трикови

Освежете го овенатиот зеленчук со вода

Можете да го вратите во живот зеленчукот како краставица и марула само со обична вода.

Доколку не се скапани, туку само овенати, доволно е да ги оставите неколку минути во сад со обична вода.

korisni-trikovi-koi-kje-vi-reshat-mnogu-problemi-vo-kujnata-07.jpg

Исечете киви со маталка

Наместо да го лупите кивито, употребете обична маталка.

Пресечете го овошјето на половина, ставете ја маталката во кивито, како на фотката подолу, па завртете ја за да го одвоите од лушпата.

korisni-trikovi-koi-kje-vi-reshat-mnogu-problemi-vo-kujnata-08.jpg

Пржете ги белките и жолчките одделно

За совршени пржени јајца, немојте да го ставате целото јајце во тавата, туку одделете ги жолчката и белката.

Прво ставете ја белката во тавата, па откако ќе се испржи малку, додајте ја и жолчката.

На овој начин жолчката нема да се разлее.

korisni-trikovi-koi-kje-vi-reshat-mnogu-problemi-vo-kujnata-09.jpg

Лупете ги морковите со алуминиумска фолија

Добро измијте ги морковите, па истријте ги со топче од алуминиумска фолија.

Многу полесен начин на лупење со кој ќе го отстраните само горниот слој од морковот.

korisni-trikovi-koi-kje-vi-reshat-mnogu-problemi-vo-kujnata-10.jpg

Прецедете го оризот со помош на виљушка

Кога правите инстант ориз во ќеса, треба да го оставите да се исцеди.

Најлесниот начин е да го закачите на чешмата со помош на виљушка, како на фотката подолу.

korisni-trikovi-koi-kje-vi-reshat-mnogu-problemi-vo-kujnata-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...

Најчитани неделава