Едноставни трикови како да ја декорирате новогодишната елка, за да изгледа раскошно

Со доаѓањето на новогодишните празници, убаво накитената елка станува главен детаљ во голем број домови. Со оглед на тоа што таа ќе биде тука околу месец и половина, навистина вреди да се потрудите и да вложите напори нејзиниот изглед да биде совршен.

ednostavni-trikovi-kako-da-ja-dekorirate-novogishnata-elka-za-da-izgleda-raskoshno-01.jpg

Замислете само дека најголемиот број претпразнични и празнични фотографии ќе бидат направени пред неа, а сигурно немате желба да се фотографирате врз полупразна или несоодветно декорирана елка.

Со овие неколку едноставни трикови ќе ви помогнеме како да ја декорирате елката како вистински професионалец:

Внимателно изберете ги боите

Во минатото елките беа декорирани со шарени лампиони, што само беа распоредени на гранките, но за совршена елка важно е прво да ја осмислите темата, односно да ги изберете боите на украсите.

Разгледајте повеќе идеи, изберете го изгледот на вашата елка, па според тоа набавете лампиони и други декорации.

ednostavni-trikovi-kako-da-ja-dekorirate-novogishnata-elka-za-da-izgleda-raskoshno-02.jpg

Обрнете внимание на обликот на гранките на елката

Ако украсувате вештачка елка, обрнете внимание на обликот на гранките. Потрудете се убаво да ги исправите и да ѝ дадете форма на секоја од гранките поодделно.

Не се залажувајте дека лампионите и декорациите ќе ги скријат несовршеностите, а на извитканите гранки лампионите нема да може да ги распоредите рамномерно.

Ако имате голема елка, исправете ги прво гранките на горниот дел, пред да го прикачите на основата.

ednostavni-trikovi-kako-da-ja-dekorirate-novogishnata-elka-za-da-izgleda-raskoshno-03.jpg

Наредете ги светилките

Почнете од дното на елката, така што ќе оставите доволно долг кабел за да го вклучите во струја, па одете нагоре.

ednostavni-trikovi-kako-da-ja-dekorirate-novogishnata-elka-za-da-izgleda-raskoshno-04.jpg

Поголемите лампиони одат во внатрешноста на елката

За елката да изгледа подлабоко и пораскошно, почнете прво со распоредување на големите лампиони кои треба да одат во внатрешноста, а помалите треба да бидат надвор.

На овој начин визуелно елката ќе изгледа уште поголемо, подлабоко и пораскошно, а ќе се скрие и празниот простор во внатрешноста.

Помалите лампиони изгледаат најубаво кога ќе се распоредат на врвовите на гранчињата.

ednostavni-trikovi-kako-da-ja-dekorirate-novogishnata-elka-za-da-izgleda-raskoshno-05.jpg

Заврзете повеќе лампиони со врвка

Наместо да ставате по еден лампион, можете на некои места да закачите на една врвка по повеќе лампиони, и на тој начин да постигнете пораскошен изглед.

ednostavni-trikovi-kako-da-ja-dekorirate-novogishnata-elka-za-da-izgleda-raskoshno-06.jpg

Празнините пополнете ги со ленти

Празните делови можете да ги пополните со ленти или цветови со што ќе ѝ дадете модерен изглед на вашата елка.

ednostavni-trikovi-kako-da-ja-dekorirate-novogishnata-elka-za-da-izgleda-raskoshno-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...

Најчитани неделава