Како темелно да го исчистите фрижидерот (и колку често треба да го чистите)?

Ако забележите дека водата која доаѓа од диспензерот  на вашиот фрижидер има непријатен мирис или вкус, можеби дошло време да го исчистите. За да бидете сигурни дека ќе користите чиста вода, се препорачува овој диспензер да го чистите на секои три до шест месеци.

Тоа не е сложен процес и најверојатно веќе дома ги имате сите потребни материјали, а во продолжение погледнете ја целокупната постапка.

ednostavni-chekori-za-chistenje-na-dispanzerot-za-voda-na-vashiot-frizhider-05_copy.jpg

Што ви е потребно:

  • Чиста крпа или мек сунѓер
  • Мала инка
  • Чиста четка за заби
  • Празен сад
  • Шрафцигер
  • Светилка (ако има потреба)
  • Материјали
  • Бел алкохолен оцет
  • Вода

ednostavni-chekori-za-chistenje-na-dispanzerot-za-voda-na-vashiot-frizhider-04.jpg

Постапки за чистење на диспензерот за вода на фрижидерот

Пред да направите што било, исклучете го изворот на вода, за да не продолжи да излегува од диспензерот додека го чистите, па со помош на шрафцигер извадете ја завртката што ја држи бакарната цевка.

Исплакнете со бел алкохолен оцет. Всушност, оцетот е ефикасно средство за чистење, а што е многу важно е безбеден за консумирање доколку останат траги од него, што го прави најдобро решение за чистење на диспензерот за вода во фрижидерот.

Со помош на мала инка, полека истурајте две до три чаши оцет во цевката што води до диспензерот за вода. Оставете го да постои во резервоарот околу пет до десет минути. Потоа, ставете сад под дипсензерот и притиснете го копчето за да помине оцетот низ цевките. Продолжете да го притискате додека не излезе целиот оцет. На крај во мијалникот истурете го садот во кој течел оцетот.

Потоа, наполнете го садот до половина со бел оцет, па натопете чиста четка за заби и користете ја за да ги исчистите сите видливи делови од млазницата на диспензерот. Откако ќе завршите со чистење на линијата за вода и млазницата, тогаш повторно приклучете го доводот. Со помош на шрафцигер зашрафите ја бакарната цевка на своето место, па вклучете го вентилот за вода.

ednostavni-chekori-za-chistenje-na-dispanzerot-za-voda-na-vashiot-frizhider-povekje-02_copy.jpg

За да ги отстраните сите траги од оцетот, ставете сад со свежа вода и дозволете да помине низ линијата. Повторете го ова онолку пати колку што ќе имате потреба. Исплакнете добро за да се ослободите од долготрајниот вкус и мирис на оцетот.

На крај, исчистете ги сите површини околу диспанзерот и тоа со чиста крпа која е натопена во мешавина од вода и алкохолен бел оцет. Повеќето диспензери за вода во фрижидерот имаат дел кој служи да ја собира водата што капе. Отстранете го тој дел и измијте го во мијалникот.

Ако има дополнителни наслаги на него, оставете го да кисне во вода и бел алкохолен оцет. Користејќи ја четката за заби, исчистете ја фиоката и оставете ја целосно да се исуши пред да ја вратите на нејзиното место.

М. Ѓ. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...

Најчитани неделава