Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа

Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го процените ризикот од создавање мувла во просторијата. Безжичните сензори ги следат нивоата на температурата и влажноста, при што може да имате одредена ориентација за тоа дали некоја соба е подложна на создавање мувла.

5-nachini-da-otkriete-dali-imate-muvla-vo-domot-koi-najverojatno-ne-vi-se-poznati-i-kako-da-se-oslobodite-od-nea-01.jpg

Мувлата се појавува кога влагата, слабата циркулација на воздухот и недостатокот на топлина се комбинираат, за да создадат совршена околина за нејзино размножување. Таа не е видлива секогаш и може да се крие на многу места во вашиот дом.

Бидејќи може да остане незабележана, притоа и неотстранета, таа може да предизвика различни здравствени состојби, вклучувајќи и респираторни проблеми и главоболки. Тоа дополнително може да се влоши со едноставни задачи, како сушење на облеката внатре во домот или, пак, поретко проветрување на просториите.

Во продолжение откријте неколку малку начини кои ќе ви помогнат да ја забележите мувлата во вашиот дом, кога таа не е толку очигледна:

Кондензација на прозорците

Ако забележите кондензација на прозорците, проверете дали имате доволно вентилација и проток на воздух, особено во областите со поголем ризик, како што е бањата или кујната.

Честото отворање на прозорците (или систем за вентилација) е добар начин да се осигурите дека вашиот дом е проветрен.

Меурчиња на ѕидовите со боја или тапетите

Ако забележите мали меурчиња на бојата на ѕидовите или лупење на тапетите, тогаш сигурно на тоа место има влага, па мувлата не изостанува.

Единствениот начин да проверите дали таму се крие мувла е да ја отстраните бојата или тапетите. Но, исто така треба да проверите и што го предизвикува нејзиното создавање.

5-nachini-da-otkriete-dali-imate-muvla-vo-domot-koi-najverojatno-ne-vi-se-poznati-i-kako-da-se-oslobodite-od-nea-02.jpg

Користете ја технологијата

Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го процените ризикот од создавање мувла во просторијата. Безжичните сензори ги следат нивоата на температурата и влажноста, при што може да имате одредена ориентација за тоа дали некоја соба е подложна на создавање мувла.

Избледување на површината

Ако влагата ја оштетила површината, може да остави траги или да ја избледи бојата.

Едноставно, поминете со прстите по површината и ако почувствувате мрсно на допир, тогаш истражете дополнително, бидејќи сигурно е присутен проблемот со влагата, па мора да го отстраните.

Бања и кујна

Просториите каде што миеме и готвиме, најчесто се најризичните области за мувла и кондензација. Секогаш кога се туширате вклучете вентилација и истата нека биде вклучена уште неколку минути откако ќе излезете.

Исто така, кога готвите, отворете прозорец или проверете дали е вклучен аспираторот. Дополнително, секогаш кога е изводливо, користете капаци на тавите и тенџерињата, за да ја задржите влагата и да не ѝ дозволите да излезе и да направи дополнителни проблеми.

5-nachini-da-otkriete-dali-imate-muvla-vo-domot-koi-najverojatno-ne-vi-se-poznati-i-kako-da-se-oslobodite-od-nea-04_copy.jpg

Како да ја отстраните мувлата ако е забележлива?

Средството за белење (варикина) може да ви помогне во процесот на отстранување мувла во вашиот дом.

Измешајте го со вода, во однос 1:4. Ќе ви треба и цврста четка, кофа со вода и две крпи. Нанесете го растворот на погодените области (вклучувајќи и неколку сантиметри околу видливата површина зафатена од мувла, за да ја „убиете“ онаа којашто сè уште не е видлива).

Потоа, силно истријте со четка. Почекајте што е можно подолго или додека мувлата не исчезне од видното поле, па темелно исплакнете ги третираните области.

Исушете ја областа со крпа и оставете ја целосно да се исуши пред да го наместите мебелот, да ставите предмети и слично.

5-nachini-da-otkriete-dali-imate-muvla-vo-domot-koi-najverojatno-ne-vi-se-poznati-i-kako-da-se-oslobodite-od-nea-03.jpg

Доколку, пак, не сакате да користите хемии и претпочитате користење природни средства, тогаш добро е да се знае дека чистењето на мувлата со оцет е најчесто користен метод.  Тоа е лесно и нема да ве чини многу, па вреди да се обидете.

Најпрво испрскајте оцет директно на црната или влажната дамка. Оставете го оцетот да делува еден час, земете чист сунѓер и литар вода, па отстранувајте ја мувлата. Сепак, имајте предвид дека мирисот на оцет може да го чувствувате и наредните неколку дена.

Уште еден начин на кој може да се обидете да се ослободите од мувлата во вашиот дом, е користењето сода бикарбона. Растворете 15 грама сода бикарбона во 250 милилитри топла вода, а потоа со смесата испрскајте на површината со мувла, влажните или црни дамки. Исто така оставете ја да делува еден час, а потоа исчистете со тврда четка, па избришете со влажна крпа.

Секако, постојат и различни средства наменети за решавање токму на овој проблем кои може да ви помогнат.

Она за што треба превентивно да се погрижите е да обезбедите доволна проветреност и добра циркулација на воздухот во просториите, со цел да спречите создавање на мувла којашто може да биде штетна по вашето здравје.

5-nachini-da-otkriete-dali-imate-muvla-vo-domot-koi-najverojatno-ne-vi-se-poznati-i-kako-da-se-oslobodite-od-nea-05.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg