Трикови со кои фармерките ќе престанат да пуштаат боја (и да избледуваат брзо)

Најпрво, уште по самото купување откако ќе ги донесете фармерките дома, важно е да ги исперете само нив. Превртете ги наопаку и исперете ги со ладна вода. Повторете го ова неколкупати, за да не ризикувате да ја обоите другата облека кога ќе ги перете заедно со нешто друго.

kako-da-sprechite-farmerkite-da-ja-izgubat-bojata-01.jpg

Некогаш фармерките што ги купуваме пуштаат боја и со ова не само што ризикуваме да ја „офарбаме“ другата облека додека ги переме, туку и самите фармерки избледуваат побрзо.

За среќа, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да ставите крај на овој проблем>

Како да спречите фармерките да ја изгубат бојата?

Најпрво, уште по самото купување откако ќе ги донесете фармерките дома, важно е да ги исперете само нив. Превртете ги опаку и исперете ги со ладна вода.

Повторете го ова неколкупати, за да не ризикувате да ја обоите другата облека кога ќе ги перете заедно со нешто друго.

Исто така, може да додадете и бел оцет, а доволно би било половина чаша. Повторувајте го целиот процес додека пуштањето боја целосно не запре, а притоа носете ги пред повторно да ги перете.

kako-da-sprechite-farmerkite-da-ja-izgubat-bojata-02.jpg

Може да се обидете и на тој начин што ќе ги ставите фармерките во кофа со чиста и ладна вода, целосно потопени и оставете ги да стојат преку ноќ.

Ако се одлучите за ова, исто така може да додадете чаша бел оцет во водата, а потоа исперете ги како и вообичаено.

Имајте предвид дека не се сите фармерки исти, па додека го спречите овој процес на некои фармерки ќе им требаат едно или две перења, додека други ќе бараат повеќе време.

Бидете трпеливи и перете ги одвоено сè додека не забележите дека тие нема да ви остават никаква трага на вас.

kako-da-sprechite-farmerkite-da-ja-izgubat-bojata-04_copy.jpg

Корисни совети за продолжување на „животот“ на вашите фармерки:

  • Не заборавајте дека треба да користите само бел оцет за домаќинство.
  • Не ставајте ги во машина за сушење, за да може да ја сочуваат својата оригинална форма и големина.
  • Не ги перете премногу често (наместо тоа, чистете ги дамките уште веднаш).
  • Носете фармерки кои ви одговараат целосно (премногу тесни или фармерки кои ви се премногу долги и се влечат по земја, брзо ќе се уништат).

kako-da-sprechite-farmerkite-da-ja-izgubat-bojata-03.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Бели дрвени врати: Зошто пожолтуваат и како да ги одржувате? Неквалитетна боја, но и грејни тела кои се наоѓаат во близина - зошто пожолтуваа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg