7 работи поради кои кујната секогаш ќе ви делува хаотично

Сунѓери за садови

Експертите за микробиологија препорачуваат сунѓерите за миење садови да ги менувате на секои 2 недели.

Или уште подобро, да ги исфрлите од употреба и наместо тоа да користите сунѓери изработени од луфа или еко-сунѓери.

7-raboti-poradi-koi-kujnata-sekogash-kje-vi-deluva-haotichno-03.jpg

Отворена вратичка на машината за садови

Иако по употребата треба да ја проветрите машината за садови за да не се создава влага, бактерии и мувла, сепак вратичката не треба да ја чувате целосно отворена.

Доволно е да ја отворите само неколку сантиметри, а потоа, кога машината ќе се исуши да ја затворите.

7-raboti-poradi-koi-kujnata-sekogash-kje-vi-deluva-haotichno-05.jpg

Плетени корпи (или украси)

Кујната без украси делува празно и непривлечно. Но, плетените корпи или деталите од бамбус, на пример, не се најдобриот избор, колку и да ви се допаѓаат.

Овие предмети лесно фаќаат прашина, а поради пареата во кујната, стануваат и лепливи.

За да ги исчистите, не е доволно да ги пребришете со крпа, туку подобро е да ги измиете со топла вода и малку средство.

А за да ги исушите користете фен и никогаш не ги оставајте сами да се исушат на собна топлина.

7-raboti-poradi-koi-kujnata-sekogash-kje-vi-deluva-haotichno-01.jpg

Стари даски за сечење

Даските за сечење со текот на времето ја губат оригиналната боја, се гребат, се замирисуваат, ја губат формата.

Па кога вашата даска за сечење веќе не изгледа привлечно на око - време е да ја смените.

Или, менувајте ја еднаш годишно, а претходно, барем еднаш месечно чистете ја со лимон - врз памук исцедете неколку капки лимон и со него поминете преку даската.

Оставете ја да отстои неколку минути и преплакнете ја со топла вода.

7-raboti-poradi-koi-kujnata-sekogash-kje-vi-deluva-haotichno-07.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...

Најчитани неделава