8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари)

Не ги чувајте оштетените чанти

Ако сте како повеќето девојки и жени, веруваме дека дома имате цел куп чанти. Всушност, веројатно не ни знаете какви сè чанти чувате во гардероберот.

Најпрво, ослободете се од чантите кои се оштетени, кои не се во мода и кои знаете дека никогаш нема да ги носите.

Ако, пак, имате навика да ги чувате чантите на закачалката во ходникот, оставете само една-две што ги носите најчесто.

Останатите ставете ги во гардероберот. Можете да ги ставите и во картонски кутии под кревет.

На овој начин ќе ги заштитите, ќе ви траат подолго и нема да изгледаат неуредно.

8-minimalistichki-trikovi-za-sreden-dom-kje-vi-zashtedat-i-pari-06.jpg

Не купувајте безброј козметички продукти

Дури и ако имате проблематична кожа или каков било проблем, сигурно не ви требаат сто разни продукти за тоа.

Слободно прашајте кој било дерматолог и ќе ви каже дека користењето многу продукти всушност ви штети.

Истото важи и за продукти за коса, за тело…

Фрлете ги продуктите со поминат рок и оние кои не ви се неопходни и потоа воздржете се од импулсивно купување вакви продукти.

Покрај тоа што домот ќе ви биде посреден, со ова ќе заштедите и многу пари.

8-minimalistichki-trikovi-za-sreden-dom-kje-vi-zashtedat-i-pari-7.jpg

Избегнувајте бричови за една-две употреби

Иако се многу поевтини, бричовите за една-две употреби навистина не можете да ги користите повеќепати бидејќи жилетите отапуваат, а можно е и да ’рѓосаат.

Подобро вложете во поскап брич кој ќе ви трае долго.

Долгорочно, на овој начин ќе потрошите помалку пари, но и ќе го намалите отпадот од пластика.

8-minimalistichki-trikovi-za-sreden-dom-kje-vi-zashtedat-i-pari-08.jpg

Избегнувајте да користите пластична фолија

Пластичната фолија е за една употреба, што значи прави многу отпад, а и ќе треба да купувате постојано или дома да чувате барем неколку ролни.

Наместо пластична фолија, можете да користите восочни обвивки за чување храна кои лесно се мијат со вода и средство за садови.

8-minimalistichki-trikovi-za-sreden-dom-kje-vi-zashtedat-i-pari-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава