Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот

Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средство за садови.

trikovi-i-soveti-za-najchestite-problemi-vo-kujnata-i-domot-01.jpg

Непријатниот мирис во микробрановата, протечената кеса за ѓубре и дамките од масло се проблеми со кои сме се соочиле сите.

Во продолжение погледнете неколку корисни трикови за ваквите проблеми:

Коцка мраз за отстранување восок

Ако ви капне восок од свеќа, врз него ставете коцка мраз која ќе го стврдне, па восокот ќе се извади многу лесно.

trikovi-i-soveti-za-najchestite-problemi-vo-kujnata-i-domot-02.JPG

Оцет за чиста микробранова печка

За да го отстраните непријатниот мирис во микробрановата печка, во неа ставете сад со 500ml вода и две лажици бел оцет.

Пуштете ја микробрановата околу пет минути, а потоа оставете ја затворена за садот да постои внатре уште малку.

Потоа само пребришете ја внатрешноста со крпа – оцетот ќе ги отстрани и мирисот, и нечистотиите.

trikovi-i-soveti-za-najchestite-problemi-vo-kujnata-i-domot-03.JPG

Нишесте за масни дамки

Ако ви капне масло на подот, лесно можете да ја отстраните дамката со нишесте.

Нанесете нишесте на дамката, за да ја прекрие цела, па оставете да делува 15-20 минути.

Потоа соберете го со правосмукалка.

trikovi-i-soveti-za-najchestite-problemi-vo-kujnata-i-domot-04.JPG

Хартиен бришач во корпата за впивање течности

На дното на корпата за отпадоци, ставете хартиен бришач или весник.

На овој начин, ако кесата со ѓубре претече, нема да ви се извалка корпата.

trikovi-i-soveti-za-najchestite-problemi-vo-kujnata-i-domot-05.jpg

Средство за садови за чист мијалник

Средството за садови е наменето и за остатоци од масло, па најдобро е мијалникот во кујната да го чистите со него.

trikovi-i-soveti-za-najchestite-problemi-vo-kujnata-i-domot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Непријатни мириси, чистење: За што сè можете да користите лимони во домот? Можете да ја „светнете“ туш кабината со парче лимон и сол, а можете да си направ...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава