Мириси кои се неподносливи за стаорците (и ги бркаат од домот)

Цимет, оцет, лук – некои намирници имаат премногу силен и непријатен мирис за стаорците, па можат да ви бидат од помош.

mirisi-i-aromi-koi-se-nepodnoslivi-za-staorcite-i-gi-brkaat-od-domot-01.jpg

Без разлика дали живеете во град или село, секогаш постои можност да се соочите со стаорци во домот или, пак, во гаражата и подрумот.

Стаорците, како и сите глодари, имаат одлично сетило за мирис, па можете да го искористите ова во своја полза.

Односно, постојат некои мириси кои стаорците ги мразат и можат да ги избркаат.

Дел од мирисите што се неподносливи за стаорците:

Цимет

Поради силната арома, стаорците не го сакаат циметот.

Можете да ставите цимет во прав или стапчиња во близина на местата каде што чувате храна.

mirisi-i-aromi-koi-se-nepodnoslivi-za-staorcite-i-gi-brkaat-od-domot-02.jpg

Оцет

Силната арома на оцетот може да го прикрие мирисот на феромоните на стаорците.

Сите животни лачат феромони со кои ги привлекуваат другите единки од својот вид.

Измешајте оцет со неколку капки средство за садови во шише со распрскувач и нанесете го на места на коишто ќе забележите стаорци.

mirisi-i-aromi-koi-se-nepodnoslivi-za-staorcite-i-gi-brkaat-od-domot-03.jpg

Масло од евкалиптус

И маслото од евкалиптус има премногу силен мирис за стаорците.

На памук ставете поголемо количество од маслото и оставете го на места на коишто сте забележале стаорци.

mirisi-i-aromi-koi-se-nepodnoslivi-za-staorcite-i-gi-brkaat-od-domot-04.jpg

Лук

Подобро е да користите лук во прав. Има исто силен, ако не и поинтензивен мирис, а и ќе ви трае подолго.

Користете го слично како циметот, односно нанесете на места на коишто ви стои храна.

mirisi-i-aromi-koi-se-nepodnoslivi-za-staorcite-i-gi-brkaat-od-domot-05.jpg

Лаванда

Во летните месеци, можете да ставите саксија со лаванда на места на коишто има стаорци.

Во студените денови, пак, можете да користите масло од лаванда.

Маслото користете го исто како она од евкалиптус.

mirisi-i-aromi-koi-se-nepodnoslivi-za-staorcite-i-gi-brkaat-od-domot-06.jpg

Неколку совети плус за справување со стаорци:

- Важно е редовно да ги користите намирниците со силен мирис, односно да ги обновувате секогаш кога мирисот ќе испари.

- Немојте да користите состојки, како отров, кои можат да бидат штетни за вас, за вашите деца или за вашите миленици.

- Ако проблемот со стаорците излезе од контрола, не пробувајте да го решете сами, туку побарајте професионалец.

mirisi-i-aromi-koi-se-nepodnoslivi-za-staorcite-i-gi-brkaat-od-domot-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...

Најчитани неделава