Чести грешки поради кои апаратите во домот ви се расипуваат

Ги „лизгате“ тавите и тенџерињата по стаклената/керамичката плотна на шпоретот

Ако имате плотна од стакло или керамика, немојте да ги „лизгате“ тенџерињата и тавите по неа бидејќи ќе ја оштетите.

Ова нема да го расипе шпоретот, но нема да можете да ги отстраните гребаниците од плотната.

chesti-greshki-poradi-koi-aparatite-vo-domot-vi-se-rasipuvaat-06.JPG

Користите рачен блендер во жешко тенџере

Кога правите крем-супа или нешто слично, немојте да го користите рачниот блендер додека храната во тенџерето е многу жешка бидејќи ќе го оштетите.

chesti-greshki-poradi-koi-aparatite-vo-domot-vi-se-rasipuvaat-07.JPG

Не ја чистите микробрановата редовно

Кога ќе ви испрска храна во микробрановата печка, исчистете ја веднаш.

Аkо не ја исчистите, а повторно ја користите микробрановата, од топлината храната ќе се стврдне и може да биде невозможно да ја отстраните.

Покрај тоа, со текот на времето ќе ги оштети и ѕидовите на печката

chesti-greshki-poradi-koi-aparatite-vo-domot-vi-se-rasipuvaat-08.JPG

Експериментирате со трикови за чистење на уредите

Секогаш чистете ги уредите како што е наведено во нивното упатство за употреба.

Дури и ако видите некој трик онлајн, ако не станува збор за потполно ист модел како вашиот уред, не ризикувајте.

chesti-greshki-poradi-koi-aparatite-vo-domot-vi-se-rasipuvaat-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
„Мрзливи“ трикови за чистење за домаќинки (и домаќини) кои немаат многу време Влакната од гарнитурата соберете ги со гумена ракавица, а блендерот само наполне...
Шест работи што никако не треба да ги чистите со средство за садови Без разлика дали станува збор за чевли, јакна или, пак, гарнитура, кожата е мате...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...

Најчитани неделава