За што служи третата преграда од фиоката во вашата машина за перење облека?
Првата преграда од фиоката најчесто е за течен детергeнт, втората за омекнувач, но за што служи третата преграда?
Сигурно добро знаете дека машината за перење обично има фиока со три прегради за ставање детергенти и секоја од нив има различна намена.
Можеби сте навикнати најчесто да ги користите првата и втората фиока, а третата ретко или воопшто...
Но, дали некогаш сте се запрашале третата преграда за што треба да се користи?
Првата преграда најчесто е за течен детергeнт, втората за омекнувач и третата за средства за претперење, како отстранувач на флеки, избелувачи или пак едноставно за уште малку детергент, кога користите долга програма со претперење.
Во спротивно, таа преграда треба да остане празна.
Се разбира, секако треба да го прочитате упатството за користење на вашата машина бидејќи функцијата на преградите може да зависи и од типот на машината за перење што ја користите.
Значи, обично најголемата преграда е за течен или прашкаст детергент.
Втората преграда е за омекнувач и обично има линија која покажува до каде треба да се наполни.
А третата преграда е за циклусот на претперење, односно за средства како што се оние за отстранување дамки.
Опцијата за претперење се користи кога облеката е многу извалкана.
Претперењето е дополнително перење кое се изведува пред главниот циклус на перење.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





