5 трикови со кои машината за садови ќе работи перфектно (и ќе ви трае подолго)

Редовно чистете ја и немојте да ја преполнувате бидејќи садовите нема да се измијат добро.

5-trikovi-so-koi-mashinata-za-sadovi-kje-raboti-perfektno-i-kje-vi-trae-podolgo01.jpg

Кога се во прашање апаратите во домаќинството, најдобро е да ги спречите проблемите наместо потоа да трошите пари за скапи поправки.

Важно е и правилно да ги користите уредите, како машина за садови, ако сакате да бидат ефикасни.

5 трикови со кои машината за садови ќе работи перфектно:

Чистете ја редовно

Ако забележувате чуден мирис во машината за садови или дека не ги чисти садовите како што треба, можеби е време да ја исчистите.

Некои машини имаат вградена програма за да се исчистат – ако ја има на вашата, користете ја барем еднаш месечно.

Доколку не забележувате ваква опција, можете да ја пуштите празна на висока температура и да додадете оцет или сода бикарбона.

Может да побарате и средства за чистење на машината. За уште потемелно чистење, пребарајте го вашиот модел на машината за да видите како да ги извадите деловите како филтер и да ги исчистите посебно.

5-trikovi-so-koi-mashinata-za-sadovi-kje-raboti-perfektno-i-kje-vi-trae-podolgo-02.JPG

Користете бел оцет за бигор

Бигорот може да остави бели дамки, кои се највоочливи на стаклените садови, како чаши.

Ако средството за садови не го отстранува секогаш, на горната решетка ставете мал сад кој ќе го наполните со бел оцет, па пуштете ја машината.

5-trikovi-so-koi-mashinata-za-sadovi-kje-raboti-perfektno-i-kje-vi-trae-podolgo-03_copy.JPG

Исплакнете ги многу валканите садови

Загорените тави, садовите со засушена храна и слично нема да се измијат добро само во машина.

Пред да ги ставите во машина, прво накиснете ги со вода и исплакнете ги.

5-trikovi-so-koi-mashinata-za-sadovi-kje-raboti-perfektno-i-kje-vi-trae-podolgo-04.JPG

Не ја преполнувајте машината

Ако ставите многу садови во машината, до некои може воопшто да не допрат водата и средството, па нема да се измијат како што треба.

Исто така, не заборавајте дека садовите треба да бидат наредени така што валканата вода ќе може да тече надолу од нив.

Односно, ако ставате чаша или длабока чинија, свртете ја надолу, а не странично.

5-trikovi-so-koi-mashinata-za-sadovi-kje-raboti-perfektno-i-kje-vi-trae-podolgo-05.JPG

Избришете ги садовите откако ќе заврши машината

По миењето, на садовите остануваат капки вода и токму од овие капки може да се направат дами бигор.

За да го избегнете ова, штом ќе заврши машината, извадете ги садовите и пребришете ги со микрофибер крпа.

5-trikovi-so-koi-mashinata-za-sadovi-kje-raboti-perfektno-i-kje-vi-trae-podolgo-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
8 трикови со кои кујната нема да биде во хаос откако ќе завршите со готвење Однапред извадете ги сите состојки и сите садови што ќе ги користите, а штом ќе ...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg