Кујнски сунѓери, фрижидер: Трикови за отстранување на непријатните мириси во домот

Даска за сечење

Пластичните даски се долготрајни, но обично ги впиваат мирисите. За да го отстраните мирисот, најпрво добро измијте ја со топла вода и средство за садови.

Потоа со половина лимон истријте ја површината – сокот од лимон ќе го впие мирисот и ќе ја дезинфицира даската.

kujnski-sungjeri-frizhider-trikovi-za-otstranuvanje-na-neprijatnite-mirisi-vo-domot-06.JPG

Кујнски сунѓери

Важно е редовно да ги менувате кујнските сунѓери, но и да ги ставате на место каде што можат да се исушат.

За да го отстраните мирисот, пак, во сад ставете топла вода и лажица сода бикарбона, па внатре ставете го сунѓерот. Оставете го да кисне преку ноќ, па потоа само исплакнете го.

kujnski-sungjeri-frizhider-trikovi-za-otstranuvanje-na-neprijatnite-mirisi-vo-domot-07.JPG

Чевли

Ако забележувате непријатен мирис во ходникот, најверојатно е од чевлите.

За да го отстраните мирисот од нив, внатре ставете сода бикарбона која ќе ја впие влагата и ќе ги уништи бактериите. Нека отстои цела ноќ, па истресете ги чевлите и исчистете ги.

На истиот начин можете да искористите и хидроген пероксид – само испрскајте ја внатрешноста на чевлите и оставете ги да се исушат.

kujnski-sungjeri-frizhider-trikovi-za-otstranuvanje-na-neprijatnite-mirisi-vo-domot-08.JPG

Дрвен мебел

Ако забележувате непријатен мирис од дрвениот мебел, најпрво треба добро да го исчистите, особено внатрешниот дел. За ова можете да искористите бел оцет кој има антибактериски својства.

Потоа, во мали садови ставете кафе, песок за мачки или сода бикарбона и ставете по еден сад во секоја фиока или шкаф и оставете ги да делуваат прек ноќ. Кафето, песокот за мачки и содата бикарбона ги впиваат непријатните мириси.

Но, бидејќи дрвото лесно впива мириси, можно е овие трикови да не ви помогнат, особено ако мебелот е многу стар.

kujnski-sungjeri-frizhider-trikovi-za-otstranuvanje-na-neprijatnite-mirisi-vo-domot-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Пет чести грешки со кои го уништувате одводот во кујната Истурате масло во мијалникот и пробувате да ги одзатнете цевките со сода бикарбо...

Најчитани неделава