Кујнски сунѓери, фрижидер: Трикови за отстранување на непријатните мириси во домот

За да го отстраните мирисот од пластичните садови за храна, наполнете ги со топла вода и две-три лажички сода бикарбона, па оставете ги да отстојат преку ноќ. Следното утро само измијте ги како вообичаено.

kujnski-sungjeri-frizhider-trikovi-za-otstranuvanje-na-neprijatnite-mirisi-vo-domot-01.jpg

Колку и да внимаваме на хигиената во домот, со текот на времето на некои места се апсорбираат непријатни мириси.

Обично ова се места кои се поизложени на бактерии и силни мириси како од храна.

Па, како да се ослободите од непријатните мириси во домот?

Мирис од готвење

Ако ви пречи мирисот кој останува во домот по готвење, во загреана, но исклучена рерна ставете кора од портокал. Топлината ќе го ослободи мирисот од кората, па ќе добиете природен освежувач на воздухот.

Всушност, овој трик го користеле и нашите баби кои ставале лушпи на шпоретот на дрва.

kujnski-sungjeri-frizhider-trikovi-za-otstranuvanje-na-neprijatnite-mirisi-vo-domot-02.JPG

Садови за храна

За да го отстраните мирисот од садовите за храна, наполнете ги со топла вода и додајте две-три лажички сода бикарбона. Оставете да отстојат преку ноќ, па измијте ги како вообичаено.

kujnski-sungjeri-frizhider-trikovi-za-otstranuvanje-na-neprijatnite-mirisi-vo-domot-03.JPG

Фрижидер

Ако забележувате непријатен мирис во фрижидерот, најпрво треба да проверите да не има расипана храна и фрлете ја.

Потоа извадете сè од фрижидерот и испрскајте го со хидроген пероксид (водород пероксид), па пребришете со микрофибер крпа.

Хидрогенот ќе го отстрани непријатниот мирис, но и ќе го дезинфицира фрижидерот.

kujnski-sungjeri-frizhider-trikovi-za-otstranuvanje-na-neprijatnite-mirisi-vo-domot-04.JPG

Ренде

Ако долго го користите истото ренде, и на него може да почне да се впива непријатен мирис.

За да го отстраните, само изрендајте парче двопек – лебот ќе го впие целиот мирис.

kujnski-sungjeri-frizhider-trikovi-za-otstranuvanje-na-neprijatnite-mirisi-vo-domot-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Пет чести грешки со кои го уништувате одводот во кујната Истурате масло во мијалникот и пробувате да ги одзатнете цевките со сода бикарбо...

Најчитани неделава