7 детали поради кои кујната ви изгледа хаотично и нечисто

Мијалникот со непријатен мирис, но и микрофибер крпа (наместо кујнска крпа) се детали кои можат да направат кујната да делува неуредно.

7-detali-poradi-koi-kujnata-vi-izgleda-haotichno-i-nechisto-01.jpg

Сите сакаме кујната да ни изгледа уредно и чисто, но ако ви се чини дека вашата е хаотична, без разлика што редовно ја чистите, можеби треба да обрнете внимание на неколку ситници.

Седум работи кои можеби не сте забележале дека прават кујната да ви делува нечисто:

Фрижидер натрупан со магнети

Многумина си купуваат магнети како сувенири од патувањата. Но, ако само ги натрупате на фрижидерот, целата кујната може да ви изгледа хаотично.

Ако за вас имаат сентиментална вредност, нормално дека нема да сакате да ги тргнете од фрижидерот, но потрудете се барем да ги организирате, а не само да ги трупате едни до други.

7-detali-poradi-koi-kujnata-vi-izgleda-haotichno-i-nechisto-02.JPG

Празна ролна од хартиен бришач

Хартиениот бришач не е декорација во кујната, но празната ролна дефинитивно има влијание врз изгледот.

Бидејќи е нешто што треба да оди во корпата за отпадоци, ќе направи кујната да делува нечисто ако не ја фрлите.

7-detali-poradi-koi-kujnata-vi-izgleda-haotichno-i-nechisto-03.JPG

Микрофибер крпи за раце

Микрофибер крпите се совршени за чистење, но немојте да ги користите како кујнски крпи за раце. Прво, не се ефикасни за бришење раце, а покрај тоа, го уништуваат изгледот на кујната.

Покрај што се практични, кујнските крпи можат да бидат како декорација во кујната, па кога ќе купувате, гледајте да ви одговараат на ентериерот.

7-detali-poradi-koi-kujnata-vi-izgleda-haotichno-i-nechisto-4.JPG

Мијалник со непријатен мирис

Со текот на времето, мијалникот може да почне да мириса непријатно, без разлика колку водите сметка за хигиената во кујната.

Ова е нормално, бидејќи во одводот се собираат храна и вода, но важно е редовно да го чистите.

За да се ослободите од мирисот, во мијалникот истурете оцет, сода бикарбона и жешка вода. На крај можете да ставите и неколку капки етерично масло.

7-detali-poradi-koi-kujnata-vi-izgleda-haotichno-i-nechisto-05.JPG

Отворена врата од машина за садови

Препорачливо е да ја оставите машината отворена откако ќе заврши, за да може да се исуши.

Но, потоа затворете ја бидејќи делува неуредно. Истото важи и за кујнските шкафчиња и фиоки.

7-detali-poradi-koi-kujnata-vi-izgleda-haotichno-i-nechisto-6.jpg

Декорации од ратан и слама

Плетените декорации навистина изгледаат убаво, но не се најпогодни за кујна, уште помалку за чување храна.

На нив се собира многу прашина и ќе биде тешко да ги исчистите, а од влагата можат и да се оштетат.

7-detali-poradi-koi-kujnata-vi-izgleda-haotichno-i-nechisto-7.JPG

Овошје на масата

Иако на Инстаграм често гледаме овошје како декорација, ова сепак не е практично, без разлика што изгледа убаво.

Повеќето видови овошје треба да ги чувате во фрижидер, особено во лето. Ако ги чувате на маса, ќе ви скапат, а можат да почнат да привлекуваат и инсекти.

7-detali-poradi-koi-kujnata-vi-izgleda-haotichno-i-nechisto-08.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Пет чести грешки со кои го уништувате одводот во кујната Истурате масло во мијалникот и пробувате да ги одзатнете цевките со сода бикарбо...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...

Најчитани неделава