Работи што е подобро (и поевтино) да ги купувате на големо
Масло за јадење
Маслиново, сончогледово или какво и да е масло, обично е поисплатливо да го купите во големи амбалажи, особено ако го користите често.
Маслата имаат долг рок на траење, па нема да ви се расипе и ако не го потрошите со месеци.

Конзервирана храна
Ако се намирници што ги јадете сите во домот, секогаш е подобро да купувате поголеми конзерви бидејќи се поевтини.
Но, ако живеете сами или е нешто што го јадете само вие, подобро купувајте помали амбалажи бидејќи откако ќе ги отворите конзервите, треба да ги консумирате за неколку дена.

Батерии
Батериите имаат долг рок на траење и генерално се поевтини ако ги купувате на големо.

Продукти за орална хигиена
Во годината секако треба да смените неколку четки за заби. Па, наместо секојпат да купувате посебна, поисплатливо во и е да купите амбалажа со неколку.

Продукти за чистење
И повеќето продукти за хигиена низ домот, како прашок за облека или средство за садови, се поевтини кога ги купувате во поголеми амбалажи.

Продукти за хигиена
Истото важи и за продуктите за хигиена. На пример, поисплатливо ви е да купите голема амбалажа сапун за раце од која ќе претурете во садот, отколку секојпат да купувате мала амбалажа.

Спирова С. | Црнобело
