6 хигиенски грешки со кои повеќе го валкате домот отколку што го чистите
Ја преполнувате машината за садови, не ја сушите четката за тоалетната школка и го користите истиот сунѓер со месеци.

Не е важно само домот да изгледа уредно и редовно да го чистите.
Важно е и како го чистите бидејќи бактериите може да бидат присутни, дури и ако ви изгледа дека домот блеска.
Кои се најчестите хигиенски грешки со кои повеќе го валкате домот?
Ја преполнувате машината за садови
Ако ја пуштате машината само кога е полна, тогаш штедите и вода и струја.
Но, ова не значи дека треба да ја преполните.
Кога во машината има премногу садови, водата не може да допре до сите нив, па дел ќе останат неизмиени.
Користите иста кујнска крпа за се
Кујнската крпа за бришење раце не е препорачливо да ја користите и за да ја забришете масата, да соберете храна и што уште не, дури и ако ја менувате секој ден.
Подобро е да имате една крпа за раце, а друга за работната маса и слично.
И, двете крпи менувајте ги барем преку еден ден ако минувате повеќе време ова кујна.
Ги заборавате местата во домот што се допираат најмногу
Кога го чистите домот, дали ги бришете и прекинувачите за светло, кваките и сличните места во домот?
Ова се места што се допираат најчесто во домот, па не ги заборавајте.
Не ја сушите четката за тоалетната школка
Откако ќе завршите со четката за тоалетната школка, важно е да ја оставите да се исуши.
Во спротивно, на неа ќе се создадат уште повеќе бактерии, па со следното чистење повеќе ќе извалкате отколку што ќе исчистите.
Користите валкани сунѓерчиња
Сунѓерот за садови е идеално место за развој на бактерии и затоа е важно да го менувате редовно (на околу две недели).
Исто така, потрудете се да го дезинфицирате преку еден ден бидејќи во спротивно само ги валкате садовите.
Ставате премногу детергенти за облека
Користењето повеќе детергент не значи дека облеката ќе биде почиста.
Напротив, детергентот нема да се исплакне убаво и ќе остане на облеката.
Спирова С. | Црнобело