Работи што е подобро (и поевтино) да ги купувате на големо
Тоалетна хартија, продукти за чистење, четки за заби - некогаш, некои предмети што ги користиме често е поисплатливо да ги купуваме на големо.

Ако имате големо семејство, тогаш веројатно повеќето работи ги купувате на големо бидејќи сепак се користат.
Но, малите семејства, па и луѓето што живеат сами, имаат навика да купуваат помали амбалажи од се.
Сепак, во некои ситуации, многу поисплатливо е да купите некои работи на големо. Вака ќе ви траат со месеци, па долгорочно ќе заштедите многу.
Што е поисплатливо да купувате на големо?
Тоалетна хартија
Дури и да живеете сами, вреди да купувате тоалетна хартија во поголема амбалажа бидејќи обично е и поисплатливо.

Храна за миленици
Ова, секако, зависи од храната што им ја купувате на милениците.
Ако купувате рефус, цената ќе ви биде иста без разлика колкава количина купувате. Но, и во овој случај поедноставно ви е да купите поголема количина одеднаш за некој период да не мора да ја мислите.
Доколку купувате спакувана храна, кај повеќето брендови поисплатливо е да купите поголема амбалажа отколку почесто да купувате мали.

Месо
Нормално, ова важи за замрзнато месо кое некогаш е поисплатливо да го купите поголема количина, отколку да купувате повеќепати, во помали амбалажи.

Вреќи за ѓубре, алуминиумска фолија и слични продукти
Обично за продуктите како алуминиумска фолија има акции кога се продаваат две, по цена од една или нешто слично.
Кога ќе начекате ваква акција, купете поголеми количини бидејќи сепак траат и долгорочно ќе ви заштедат пари.

Пелени
Ова зависи од брендот, но има доста брендови каде што поисплатливо е да купите поголема амбалажа.
Но, имајте предвид и дека бебињата растат брзо, па немојте да купите куп пелени што вашето дете ќе ги надрасне.

