Помалку очигледни грешки со микробранова печка кои можат да бидат и опасни
Загревање вода
Можете да загреете вода во микробранова печка, но треба да имате предвид некои работи.
Очигледно, треба да ја ставите во сад кој е безбеден за микробранова печка. Потоа, откако ќе ја извадите водата, важно е да ја промешате.
Микробрановата печка не ја загрева целата вода одеднаш и рамномерно, туку ги загрева молекулите на разни места.
Што значи, на некои места може да се создадат места со пожешка вода, покриени со постудена вода.
Затоа е важно да ја промешате водата откако ќе ја извадите од микробрановата печка.
Кога загревате вода во микробранова, постои можност и премногу да се загрее, па кога ќе ја промешате, да ве испрска. Затоа, не ја оставајте да се загрева многу долго.
Што значи, и во овој случај, побезбедно е да ја загреете водата во бокал или на рингла.
Подгревање спакувана храна
Кога купувате храна која може да се подгрева во микробранова, немојте да ја ставате со целата амбалажа.
Кога амбалажата е безбедна за во микробранова, тогаш е наведено на неа. Но, ако не пишува ништо такво, мора прво да ја извадите храната и да ја ставите во сад погоден за микробранова.
Дезинфекција на сунѓери
Доста популарен трик за дезинфицирање на сунѓерот за садови е да го ставите во микробрановата печка.
И овој трик функционира, но сунѓерот мора да биде влажен.
Никако не ставајте сув сунѓер во микробрановата печка бидејќи може да настане пожар.
Готвење пиперки
Најголем дел од храната е безбедно да се готви во микробранова, но не и лутите пиперки.
Активната состојка во лутите пиперки е капсаицинот. Кога ќе ги ставите во микробранова, тоа може да се ослободи во микробрановата печка.
И, не само што ќе треба да ја чистите микробрановата печка, туку кога ќе ја отворите, капсаицинот ќе се прошири и низ кујната, а може да предизвика иритација на очите.
Спирова С. | Црнобело
