Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови
Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро да ја испечете храната без да ја превртувате?

Сите мора да имаме барем основни кулинарски вештини, но добро е да знаеме и по некој трик кој ќе ни ја олесни работата во кујна.
Осум кујнски трикови што некогаш сигурно ќе ви се најдат:
Спасете ја пресолената супа со компир
Ако ја пресолите супата, во неа ставете цел излупен компир кој ќе впие дел од пресолената течност.
Потоа додајте само уште малку вода.
Спасете го загорениот ориз со леб
Ако ви загоре оризот на дното на тенџерето, немојте да го фрлате.
Врз него ставете парче бел леб и оставете го десетина минути.
Лебот ќе впие дел од аромата и вкусот на загорениот ориз, па дел ќе можете да искористите.
Само внимавајте да не ставите од загорениот ориз, туку само тој што е погоре.
Продолжете им го рокот на компирите со јаболко
Компирите имаат многу долг рок на траење, но по некое време може да почнат да ’ртат.
За да го спречите ова, во садот каде што ги чувате, ставете и јаболко бидејќи испушта гас кој може да го забави ’ртењето.
Но, во овој случај важно е да ги чувате компирите во темно, суво место и не во затворен сад.
Како да го извадите вишокот масло од сосови супи и слично?
Ако ви се чини дека во сосот, супата и сличните течни јадења сте претерале со масло, можете да го отстраните со коцки мраз.
Ставете неколку коцки мраз во хартиен бришач за раце, па со него поминете по површината на јадењето.
Поради мразот, вишокот масло ќе се стврдне и полесно ќе го извадите.
