Непријатни мириси, чистење: За што сè можете да користите лимони во домот?
Отстранет го непријатниот мирис од корпата за отпадоци
Во корпата за отпадоци, под кесата, ставете неколку лушпи лимон и тој ќе го неутрализира непријатниот мирис.
Секако, важно е редовно да ја чистите корпата бидејќи ако е многу валкана, овој трик нема да функционира.
Продолжете му го рокот на пресечено авокадо
Ако имате половина авокадо (или сте направиле сос како гвакамоле), можете да му го продолжите рокот на траење со лимон.
Ставете му сок од околу половина лимон и покријте го со пластична кеса. На овој начин авокадото ќе остане свежо барем уште ден-два.
Исчистете ја даската за сечење
Без разлика колку ја чистите даската за сечење, на неа може да остане мирис, на пример од кромид.
Лесно ќе го решите овој проблем ако ја истриете со половина парче лимон.
Овој трик може да и помогне и да ја избелите даската ако на неа има дамки од храна.
Исушете кора од лимон
Ако често користите кора од лимон додека готвите, можете да исушите. Сушената кора може да ја чувате во фрижидер и да ви трае многу долго.
Отстранете ја лушпата, исечете ја и исушете ја сонце. Можете да ја ставите и во рерна, но ова ќе трае подолго – рерната треба да биде пуштен на најниска температура, за лушпите да не изгорат.
Во зависност од рерната, а може да ви требаат и шест часа.
Ако имате дехидратор за храна, можете да го употребите и него.
Потоа само сомелете ги лушпите во блендер и складирајте ги во добро затворен сад.
Спирова С. | Црнобело
