Осум работи кои е редно време да ги фрлите од подрумот (нема да ви недостасуваат)
Алати
Освен ако не сте мајстор, електричар и слично, веројатно не ви требаат пет клешти осум шрафцигери и четири чекани.
Секако, препорачливо е да имате алати во домот, но нема потреба да го имате истиот алат во неколку примероци.
Ако нешто е оштетено, фрлете го, а останатите можете и да ги подарите.
Спортска опрема
Баскет кој веќе е во две димензии, ролери од вашето детство на кои им фали тркало, тегови кои не ни знаете дека ги имате – сето ова се работи што непотребно ви зафаќаат простор.
Ако имате спортска опрема што не ја користите, можете да ја подарите, а она што е нефункционално, слободно фрлете го.
Играчки
Точно е дека играчките можат да имаат сентиментална вредност и во ред е да зачувате дел од нив.
Сепак, веруваме дека во купот во подрумот имате и многу искршени играчки кои само ви зафаќаат простор.
Мебел
Многумина користат стар мебел во подрумот за складирање и тоа е одличен начин да му се даде „втор живот“.
Но, ако имате стара покуќнина која зафаќа место и јасно е дека не ја користите, тогаш или фрлете ја или подарете ја.
Спирова С. | Црнобело
