10 совети за чистење од експерти, кои ќе ви заштедат време и пари
Мајонезот може да биде вистински спасител кога чистите - маслата што ги содржи се одлични за отстранување лепак и дамки од боја.

Чистењето не е активност во која луѓето уживаат, а сепак, мора да ја прават.
Па, кога ќе дојде време за чистење, за справување со закоравени дамки, отпечатоци од прсти и слично, наместо да се мачите, можете да си ја олесните работата.
А експертите имаат решение за неколку чести ситуации со кои се соочуваат повеќето луѓе.
Еве како да си ја олесните работата (и да заштедите пари):
Валјак за влакненца за чистење на тоалетот
Честопати, откако ќе го измиете подот во бањата, на површината остануваат конци, влакна и слично.
Наместо да ја бришат оваа нечистотија со крпа, хотелските собарки едноставно го поминуваат подот со валјак за отстранување влакна - метод кој е побрз од стандардното чистење и бара значително помалку напор.

Многу работи може да се исчистат со мајонез
Мајонезот може да биде вистински спасител кога чистите - маслата што ги содржи се одлични за отстранување лепак и дамки од боја.
Ако треба да отстраните етикета од стаклена тегла или чинија, нанесете мала количина мајонез на површината и оставете да отстои 20 минути, а потоа лепливите остатоци лесно ќе се отстранат со влажна крпа.
Ако истурите боја на база на масло врз плочки, или со неа извалкате рачки на врати или прекинувачи за светло, таа може лесно да се избрише со крпа натопена во мајонез.
Само направете го тоа пред бојата да се исуши целосно, во спротивно ќе треба да вложите повеќе време и труд.

Со кечап исчистете ја закоравената храна од тенџерињата
Кечапот содржи лимонска киселина и оцет, па затоа може да отстрани разни дамки.
Тој е одличен за чистење бакарни или садови за готвење - прво нанесете малку кечап на површината, па оставете да отстои некое време пред да нанесете и средство.
Кечапот може да се користи и за отстранување дамки од 'рѓа од приборот за јадење.

Завеси се чистат со пешкир
Колку често и да чистиме дома, прашината сепак циркулира низ целата соба и се таложи на завесите.
Приклучоците на правосмукалката, за жал, не помагаат да се отстрани целата прашина од секој набор, па затоа е најдобро завесите да се чистат со пешкир.
Многу домаќинки тврдат дека пешкирот е доволно тежок за да ја отстрани целата прашина, зафаќа голема површина при чистењето и не ги заморува рацете.
Но, откако ќе ги исчистите завесите, поминете ги подот и тепихот со правосмукалка.

Газирана вода помага во отстранување дамки од огледалата
Меурчињата во газираната вода помагаат да се отстранат тврдокорните дамки и совршено ги чистат сјајните површини.
Затоа, можете да ја исчистите површината на огледалото со сода-вода без да користите други средства.
Ставете ја водата во шише со распрскувач, испрскајте го огледалото, оставете да отстои неколку минути, а потоа избришете го со чиста крпа.

