10 совети за чистење од експерти, кои ќе ви заштедат време и пари
Сјај за миење садови помага да се отстранат дамките од софата
Отстранувањето тврдокорни дамки од тапацирот може да биде тешко.
Наместо да ја чистат тврдокорната нечистотија со часови, многу професионалци користат сјај за миење садови кој во себе има петролеумски состојки.
Измешајте го сјајот со мала количина топла вода и нанесете ја течноста на дамката.
Овој раствор помага и во отстранувањето застарени дамки од облеката.

„Колата“ е одлична за миење прозорци
Оваа сода содржи лимонска киселина, па затоа лесно може да отстрани дамки и траги од прозорците.
Само испрскајте ја течноста врз стаклената површина, па избришете со крпа.
Покрај тоа, овој пијалак помага да се ослободите од 'рѓа, па со него можете да им дадете нов сјај на садовите за готвење од леано железо ако се потемнети.

Маслиновото масло прикрива гребнатини од дрвените површини
Ако мали гребнатини или дамки од вода се јасно видливи на дрвениот мебел, тие лесно може да се отстранат со маслиново масло.
Прво, отстранете ја прашината од површината, па нанесете малку масло со мека крпа, а на крајот пребришете го дрвото.
Ако водата навлегла многу длабоко, оставете маслото да делува преку ноќ.
На крај исполирајте ја површината со сува крпа.
Маслиновото масло ги штити дрвените парчиња од нови дамки.

Со алуминиумска фолија исчистете ја рерната
Чистењето на рерната може да биде тешко, зашто маснотиите и сосовите лесни се лепат на површината на ѕидовите.
Пред да почнете да чистите со хемикалии, земете алуминиумска фолија, свиткајте ја како топка, па со неа избришете ја внатрешноста на рерната.
Дури потоа исчистете ја со средство.
Алуминиумската фолија е одлична и за отстранување изгорена храна од стаклени садови за печење.

Полирот за мебел ги отстранува дамките од површини од не'рѓосувачки челик
Апаратите за домаќинство од не'рѓосувачки челик изгледаат одлично, но нивното одржување не е секогаш лесно.
Вратите од фрижидери и микробранови печки брзо се валкаат и замастуваат, на нив се гледаат отпечатоци од прсти, па тоа прави апаратите да изгледаат нечисто.
Но, постои евтино решение - средство за полирање дрвен мебел ефикасно ги отстранува сите дамки, но и спречува нивно повторно појавување неколку дена откако ќе ги исчистите на овој начин.

А. Ј. | Црнобело
