7 предмети во домот што можете да ги исчистите со храна
Дезинфицирајте ја даската за сечење со лимон и исчистете ја скарата на жар со кромид.

Можеби ви звучи чудно, но некои предмети во домот можете да ги исчистите со храна, како лимон.
Нормално, потоа ќе треба и да ги исплакнете со вода, но во некои ситуации, храната може да ви замени средство за чистење ако не сакате да користите многу хемикалии или, едноставно, немате при рака.
Седум предмети во домот што можете да ги исчистите со храна:
Исчистете ја даската за сечење со лимон
Важно е да ја дезинфицирате даската за сечење бидејќи на неа остануваат многу мали остатоци од храна. За ова може да искористите обичен лимон.
Ставете малку сол врз даската, а потоа истријте ја со половина лимон. На крај измијте ја како и вообичаено.
Лимонот ги уништува бактериите, но и ги отстранува мирисите, додека солта ја трие и ја чисти површината на даската.
Исчистете ја скарата со кромид
Ако имате скара на жар, можете да ја исчистите решетката со кромид.
Пресечете го на половина и како на фотката подолу истријте ја решетката. Кромидот ќе ви помогне да ги отстраните загорените остатоци од храна.
Исчистете го рендето со компир
Кога го користите за кашкавал, може да биде навистина тешко да го исчистите рендето и да ги отстраните сите остатоци.
Но, ако потоа изрендате и компир, тој ќе ги отстрани остатоците од кашкавал. Потоа само измијте го со средство за садови.
